Бизнис

(Видео): Трезорот функционира редовно – исплатите се во тек, рече заменик-министерот за финансии

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изјави дека се обезбедени средства за исплата на платите, социјалните трансфери и регресот за годишен одмор (К-15) за вработените во јавната администрација.

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината. Нашата цел е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, како и буџетскиот дефицит да се заврши на планираното ниво. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување во ТВ 21 каде потенцираше дека исплатата се врши непречено и дека редовно се исплаќаат плати, социјални  надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и други тековни трошоци.

  • „Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, работи и ќе продолжи да работи најнормално, како и сите институции, до 31 декември 2025 година. Со начинот на кој сега функционира Трезорот и со навремените исплати, јасно покажавме дека нема никаков застој. Редовно се исплаќаат социјалните надоместоци, К-15, обврските преземени во соработка со надлежните агенции, блок-дотациите кон општините, како и платите и другите тековни трошоци. Секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември “, рече заменик-министерот.

Тој појасни дека информацијата што Министерството за финансии ја достави до буџетските корисници и институциите во државата за доставување на налозите до 15 декември беше исклучиво од организациски аспект.

  • „Целта беше до 15 декември да ги достават налозите за плаќање, за Трезорот навремено, до крајот на годината, да може да ги испланира сите расходни ставки и да ги обезбеди потребните информации поврзани со останатите фискални параметри. Сè друго, приказните за затворање на Трезорот, дека нема да има пари или дека ќе настане финансиски застој беа пласирани од страна на опозицијата”, наведе Јанкуловски, кој дополни дека најголемиот дел од институциите целосно го почитуваа рокот и навремено ги доставуваат налозите.

Заменик-министерот потенцира дека секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември и дека за тоа до крајот на годината ќе бидат обезбедени потребните средства.

  • „Даночниот календар е добро познат и очекуваме дополнителни приливи до крајот на месецот  по основ на данок на добивка, данок на додадена вредност кој доспева на 25 декември, како и социјалните придонеси што се уплатуваат на крајот на месецот. Имајќи предвид дека значителен дел од компаниите во овој период исплаќаат бонуси и регреси за вработените, нашите очекувања се дека планираните приходи во најголем дел ќе бидат реализирани”, рече заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Најнови вести од: Бизнис

Koи европски држави ќе имаат економски раст до 2027 година?!

Во 2027 година, Шпанија повторно ќе го забележи највисокиот раст на реалниот БДП меѓу петте најголеми економии, иако стапката ќе се забави на 1,8 отсто. Се очекува Германија да забрза од 1 отсто на 1,5 отсто. Обединетото Кралство и Италија ќе забележат зголемување од само 0,1 процентен поен во споредба со 2026 година, додека Франција ќе остане непроменета на 1 отсто.

Нови компании од Турција и Германија ќе вложат 80 милиони евра во Македонија

Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди, изјави премиерот.

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје

Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николау, посочи дека соработка е дел од  долгорочна определба на компанијата за обезбедување ефективна поддршката на академската заедница

(Видео): Образованието треба да се фокусира на развој и вештини, вели бизнисменот Кастриот Арифи

Кастриот Арифи се образувал во македонскиот образовен систем, но во својата професионална кариера имал среќа да работи со искусни и стручни лица, од кои многу да научил, работејќи како консултант во Глобал Дата, менаџер за продажба во земјата за Банини од Србија, регионален менаџер за продажба, виш бизнис аналитичар и директор за продажба во Винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс.

Состојбата со инфлацијата е неизвесна – ЕЦБ ги потврди каматните стапки во Еврозоната

Европската централна банка донесе одлука да ја задржи основната каматна стапка на непроменето ниво на два проценти, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на Еврозоната по една година нестабилност.

В понеделник седница на ЕСС, ќе се разговара за раст на минималната и сите плати

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјансиле дека минималната плата треба да биде 600 евра. 

Најнови вести

To top