Македонија

Највозрасните граѓани може да здивнат – линеарното зголемување на пензиите засега останува

Уставниот суд не донесе одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите, бидејќи ваквиот предлог немаше мнозинство гласови. Ставови на Кацарска и Костадиновски.

Највозрасната категорија граѓани може да здивне. Линеарното зголемување на пензиите останува. Уставниот суд не донесе одлука за негово укинување поради изедначен резултат во гласањето. Ова прашање беше на дневен ред на денешната седница на судот, но одлука не е донесена. Предметот ќе се разгледува повторно по комплетирање на судискиот состав.

  • „Судот поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на одредби од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На денешната седница гласовите се поделија и резултатот е изедначен, што значи дека нема одлука. Таа одлука ќе чека до доаѓањето на нови судии“, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
  • „Работиме со еден судија помалку, а од први јануари ќе работиме со двајца судии помалку. Се надеваме дека Судскиот совет и Собранието ќе си ја завршат на време својата работа, затоа што денеска ова не беше единствената одлука која не доби мнозинство“, вели тој.

Уставниот суд донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел заштита на судската независност од извршната власт. Костадиновски нагласи дека платите на судиите не се техничко, туку статусно прашање, кое според меѓународните стандарди не смее да се намалува дури ни во услови на економска криза.

  • „Нашата одлука не значи зголемување на платите, туку спречување на понатамошно намалување. Платата на судиите е статусно прашање нераскинливо врзано со нивната независност и самостојност“, рече Костадиновски.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top