Македонија

Потресно сведочење за „Пулс“: Чичко прскај повеќе вода ,не можеме да дишеме!

Дејан Николов,е првиот сведок кој денеска беше повикан да одговара на прашања пред Судот за трагедија во диско клубот „Пулс“ во Кочани.

Дејан Николов,е првиот сведок кој денеска беше повикан да одговара на прашања пред Судот за трагедија во диско клубот „Пулс“ во Кочани.

Тој е сопственик на автолимарски сервис, лоциран веднаш до диско клубот кој изгоре на 16 март, во кој пожар загинаа 63 млади луѓе, а над 213 се повредени.

„Газдата Дејан Јованов го изнајми соседниот објект во 2012 година. Порано тој простор беше конфекција и магацин. Доаѓаа разни мајстори. Од сите страни имаше прозорци, стакла. Додека беше магацински простор за ташни, влегов, имаше голема зелена врата која се отвораше на три дела. Просторијата имаше балкони од левата и од десната страна, на нив сепариња, а под нив шанкови”, одговараше сведокот на прашања на Обвинителството.

Потоа беше прашан дали при реновирањето од страна на газдата Дејан прозорците биле оставени?

„Прозорците кога гледате однадвор, стојат од надворешна страна. Тој од западната страна е заѕидан. Прозорците кои се гледаат однадвор, одвнатре се затворени со некој материјал. На предната страна која целосно беше од стакло, газдата направи скали, т.е. главен влез на дискотеката. Широката железна врата е извадена, на нејзино место во реновирањата е ставена алуминиумска врата. Внатре до шанкот имало мала зелена метална врата, која честопати била заклучена”, рече тој.

Одговори дека и лани обвинетиот газда го реновирал клубот.

„Ноќта бев излезен со другарите во кафуле. Се договоривме да одиме во ‘Пулс’, таму ни беа децата. Влегов во дискотеката пред два часот. Моите другари со нивните деца беа веќе влезени. Се упатив кон шанкот, таму беше Деко, се поздравивме. Нарачав две виски и две води. Застанав со другарите одзади. Во два му пишав на син ми дека сум тука, позади чичо Деко, на скалите. Син ми дојде одма, ми покажа на која маса е пред бината, за да ги гледам. Другар ми рече: ‘Ај на цигара’. Реков рано е чекај. Син ми пак дојде со едно девојче, со кое сакаше да ме запознае. Реков многу е гужва, да одиме надвор. Излегоа на воздух, дојдоа и нивните другари“, кажа сведокот.

Во тоа време дошла полицијата.

Во паника излегол другар на син му со видео, викајќи: „Чичко Дени, се запали диското”.

Почнал да излегува дим одвнатре. Син му тргнал да си ја земе јакната, му рекол:„Чекај сине”.

„Почнаа да се слушаат несоодветни звуци одвнатре. Децата ги изнесував, пренесував на мојот имот. Светилките исчезнаа, фати да излегува црн чад. Се слушаа пискотници. Страшно беше! Го вклучив цревото, слушнав гласови од женското веце. Прозорецот беше со решетки. Ги скршив стаклата. На самите решетки се фатија девојчиња за да дишат. Светеа со телефоните и поскаа. Јас ги прскав со вода. Комуницирав, ги смирував. Позади мене син ми викаше: ‘Тато те молам спаси ги’! Девојчињата ме молеа:’Чичко прскај, подобро дишеме!“, дојде сведокот до делот кога речиси цела судска сала се расплака заедно со родителите на загинатите.

Сведокот отишол да земе брусалица, но веќе пожарникарите ги пресекле решетките.

„Ставив професионална маска, продолжив да шприцам со цревото. Син ми и другарите носеа вода од друга чешма, и тие носеа маски. Така се спасивме од повреди“, рече тој.

„Дојди тато има повредени. Имаше дете кое чуреше. Ми текна дека на изгореници не смее вода да се става”, продолжи сведокот.

Покривот паднал, пожарот веќе бил изгаснат.

„Дојде 5 часот наутро, а мене ми беше вечност. Јас верував дека има повредени, а не и жртви. Кога гледам, три тела до мене. Си заминав да ги оставам децата дома. Кога се вратив…беше страшно… тела насекаде…”, трепереше сведокот.

Неговото сведочење продолжува.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top