Македонија

Сиљановска Давкова: Ни треба национален консензус околу гаранциите од ЕУ

Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процест на евроинтеграциите.

– Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус, но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи тие треба да важат за сите. Ако Советот на Европа формирал суд за човекови права, пресудите треба да се спроведуваат – рече претседателката Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

Мораме, потенцира таа, еднаш да добиеме гаранција дека нема некој да нè турка да расправаме за идентитетски прашања, бидејќи тоа е темелната вредност на ЕУ.

– Националниот консензус треба да се изгради околу гаранциите. Мора да имаме некакви гаранции и има многу варијанти за гаранции. Не е точно дека не сме разговарале, сме разговарале. Не е само трет протокол, може со измена на Протоколот, може со измена на заклучоците. Нашиот преседан не е битен само за нас, туку и за сите други кандидати за членство во ЕУ – рече Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека високи европски претставници рекле дека се потребни гаранции и оти ветото треба да се урне.

– Јас тврдам дека дури и во случајот на државите од Западен Балкан кои се најбрзо натаму може да се случи повторно да има вето – посочи претседателката.

Сиљановска Давкова оцени дека тоа што го прифатила поранешната Влада и тоа што го внела во Преговарачката рамка и во заклучоците е спротивно на самите принципи и вредности на ЕУ.

Според претседателката Сиљановска Давкова, која било членка на ЕУ може да покрене постапка против Бугарија, како што вели, за кршење на основните принципи и вредности. Може, дополни, и една третина од пратениците, може Комисијата. Има механизми. Кога ги читате извештаите и кога ги гледате евалуациите, вие гледате дека ние за Зелената агенда сме вреднувани исто како и Молдавија, но таа добива средства, а ние не.

– Мора ЕУ да најде решение да нè држи во кондиција, бидејќи не зборуваме само за помоќна ЕУ во нестабилната извесна мултиполарна сцена. Зборуваме, тоа не се мои зборови, на ЕУ лидерите се, за отпорност кон можни влијанија и за нешто што е многу важно – гаранции, значи безбедносните дилеми остануваат, еве гледаме дури и со бегалските кризи повторно може да се појават на сцената. Решение ЕУ ако сака може да најде, а ние и предочуваме. Зошто не сака? Затоа што е практична, прагматична и затоа што некој се согласил. Доколку тие што сега предлагат резолуции и слично, поинаку мислеле и го предочиле ова што го зборувам јас, тогаш во предвид ќе го зеле и оние кои што одлучувале. Ама тие ги убедувале дека ова е сосема добро решение и да се сетиме, тогаш ни велеа уште ова и готово е, ние ги почнуваме преговорите – рече Сиљановска Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Кампања на Ветвендосје во Скопје и Тетово спроти косовските избори на 28 декември: поддршка од лидерите на Вреди Меџити и Касами

Потпретседателот на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) Глаук Коњуфца одржа вечерва собир во Албанскиот театар во Скопје, спроти новите парламентарни избори во Косово, кои ќе се одржат на 28 декември 2025 година.

(Видео): Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на која, според него, се гледа канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службеници кои во неа работеле, но вчера, 24 декември, биле отпуштени.

Граѓаните на Куманово ќе протестираат поради ретроактивно оданочување на приходи од странство

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе бараат повлекување или ревидирање на решенијата, како и јасно и недвосмислено толкување на даночните обврски, за да се избегнат, како што велат, неправди и финансиски удари врз илјадници семејства.

(Фото): Граѓаните на протест побараа дислокација на „Усје“, од компанијата велат дека работат исправно и чесно

Дислокација на фабриката „Усје“ надвор од градот, побараа денеска граѓаните на протестот на раскрсницата меѓу булеварите Борис Трајковски и Србија“ во Скопје, на околу 5 километри од центарот на градот. Како што рекоа организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, цементарницата континуираното го загадува воздухот во Скопје.

Без ниту еден глас против, донесен е буџетот на Град Скопје – следува преродба на градот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против, со што се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот. Новиот буџет претставува јасен доказ дека со ред, визија и одговорна работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните и иднината на Скопје.

To top