Македонија

Ригорозните казни за бучава во Аеродром одат до 69 илјади евра

Строги правила по 23 часот за бучава во општината

Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со јасна цел – заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на сите граѓани.

Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности.

Во станбените објекти, во вечерниот период од 19 до 23 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 dBA, а во ноќниот период од 23 до 7 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 30 dBA.

Овластените инспектори за животна средина на Општина Аеродром ќе вршат интензивни и континуирани контроли, особено кај угостителските и туристичките објекти, со цел доследно почитување на законските норми.

Санкциите се високи и строго ќе се применуваат:

• 6.000 – 7.000 евра (денарска противвредност) за микротрговци
• 13.000 – 14.000 евра за мали трговци
• 37.000 – 41.000 евра за средни трговци
• 62.000 – 69.000 евра за големи трговци
• 2.000 евра за трговец поединец

Глобите се изрекуваат доколку нивото на бучава при вршење на угостителска и туристичка дејност ги надминува пропишаните гранични вредности.

Апел до граѓаните:
Доколку сте изложени на прекумерна бучава, пријавете веднаш на:
inspekcija@aerodrom.gov.mk
Заедно воспоставуваме ред, почитување на законот и мирна животна средина за сите.
Мирот во Аеродром нема цена – но непочитувањето има последици.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top