Македонија

Сиљановска-Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива

Во рамки на активностa, претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски им поделија новогодишни пакетчиња на децата на мировниците. Настанот беше заокружен со традиционалната поделба на новогодишни пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, кој пристигна со армискиот хеликоптер Ми-8/17 од Воздухопловниот ВИНГ, што внесе празнична атмосфера и радост кај најмладите.

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (27 декември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство, упатувајќи им желби за добро здравје, успех и просперитет во новата 2026 година.

  • „Се чини дека никогаш на светот мирот не му бил попотребен, но се чини и дека нашата вредност, вашата на мировниците, ама и на македонската Армија, никогаш не била повидлива. Нема место на кое што вие, нашите мировници, не сте рамноправно третирани. Затоа денеска ми е особена чест овде во друштво на вашите сопруги, на вашите сопрузи, на вашите деца да ви се обратам и да ви посакам не само успешна работа, туку и да нема потреба можеби од толку често одење. Вие вашиот придонес го дадовте и го давате, ние цврсто веруваме во мирот, но се разбира, мирот не зависи само од нас и мора секогаш и таму и овде да бидеме подготвени. Впрочем, тоа и постојано го правиме“, рече претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање пред присутните.

Министерот Мисајловски  на оваа средба која „има особена тежина и значење” упати благодарност до мировниците за нивната “служба во името на мирот, безбедноста и сигурноста на секој еден од нас.” На членовите на семејствата на мировниците, министерот им порача да бидат силни, трпеливи и горди на војниците.

  • “Свесни сме дека зад секој мировник стои семејство кое ги споделува и грижите и гордоста. Министерството за одбрана и Армијата остануваат цврсто посветени да бидат ваша поддршка – не само симболично, туку и суштински, секогаш кога тоа ќе биде потребно”, рече министерот.

Мисајловски им се заблагодари на претседателката и началникот на Генералштабот за одличната и континуирана соработка од која бенефит има секој припадник на Армијата.

Началникот на Генералштабот, во своето обраќање изрази уверување дека мировниците професионално и посветено ги извршуваат своите задачи. Во оваа прилика генералот Лафчиски ѝ се заблагодари на претседателката за континуираната поддршка во реализацијата и реафирмацијата на досегашните и тековните активности. Тој ја поздрави и грижата на министерот за одбрана за семејствата на мировниците, како и сите активности што се преземаат во насока на зајакнување и унапредување на Армијата како успешна институција. Притоа истакна дека Армијата претставува едно големо и сплотено семејство и нагласи дека се гордее што е дел од него.

  • „Армијата е едно големо, сплотено семејство и јас се гордеам што сум дел од тоа семејство. Ние секогаш сме тука за вас и за вашите семејства, кога и да е тоа потребно“, истакна Началникот на Генералштабот.

На крајот од своето обраќање, тој им ја честиташе претстојната 2026 година, посакувајќи им добро здравје и успешна работа, со желба и понатаму да се среќаваат со нови успеси и победи во новата 2026 година.

Претставниците на македонската Армија ангажирани во мисијата на НАТО во Косово (КФОР), ЕУ операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, мисијата на Обединетите Нации во Либан (УНИФИЛ), како и во НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“ во Бугарија, Романија и Летонија и националниот претставник во мисијата во Германија ја истакнаа својата висока мотивираност и подготвеност за професионално извршување на сите доделени задачи, достоинствено претставувајќи ја татковината.

Во рамки на активностa, претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски им поделија новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

Настанот беше заокружен со традиционалната поделба на новогодишни пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, кој пристигна со армискиот хеликоптер Ми-8/17 од Воздухопловниот ВИНГ, што внесе празнична атмосфера и радост кај најмладите.

На денешната активност, покрај семејствата на мировниците присуствуваа командантите на прво потчинетите команди и единици и претставници од  Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

 

Поврзана вест

 

Сиљановска Давкова ја додели наградата за Архитектура 2025 – заврши во рацете на Искра и Владимир Лековски

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Пука обединетиот европски фронт против Трамп – се разоткриваат старите линии на внатрешниот расцеп во ЕУ

„Лидерите на ЕУ се подготвуваат за големи борби околу прашања, кои се движат од заеднички одбранбени проекти до економски реформи, но обидот за олабавување на зависноста на Европа од Америка на Доналд Трамп открива длабоки поделби меѓу 27-те земји на блокот. Обновената желба да се намали зависноста од Вашингтон ги исфрла на површина познати несогласувања пред самитот на лидерите на ЕУ во четврток.“ – објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во анализата со наслов „Настојувањето на Европа да оди сама ги разоткрива старите линии на нејзиниот внатрешен расцеп и на грешките“.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top