Македонија

Филипче стигна во Венеција, дали следна дестинација му е Дубаи?

Не го собра во Европа, ќе лета дури до Азија

На социјаните мрежи се појавија фотографии од лидерот на СДСМ Венко Филипче, снимен на аеродромот во Венеција, Италија, каде, како што се тврди во објавата, фаќа лет за Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

„Венко Филипче штотуку сликан на аеродром Венеција како патува во Дубаи. Се скара со цела држава и за Нова година во Дубаи, вака на власт не се доаѓа“ – се вели во објавата на профилот Механичарот на „X“, каде што се објавени фотографиите на Филипче со членови на семејството на аеродромот во Венеција.

Деновиве на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ го прозива Филипче да каже како ја добил тнр. Златна виза за ОАЕ, и дали учествува во градежна инвестиција во Дубаи. ВМРО-ДПМНЕ претходно објави интервју со поранешниот соработник на Зоран Заев Тома Арврамски, кој во настап на Тв Хепи во Србија изјави дека Филипче поседува стан во Дубаи.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top