Свет

Макрон: Во јануари ќе утврдиме колку пари да одвоиме за Украина

„Коалицијата на волните“ се стреми кон прекин на огнот и гаранции за безбедноста на Украина, од кои дел би можел да биде воен контингент стациониран на територијата на Украина, далеку од фронтот

„На почетокот на јануари, во Париз ќе ги собереме земјите од ‘Коалицијата на волните“ за конечно да го утврдиме конкретниот придонес на секоја од нив“ објава на ‘Х’ од францускиот претседател Емануел Макрон, објави Би-Би-Си.

Водечката улога во „Коалицијата на волјата“ ја играат Велика Британија и Франција.

Овие земји се стремат кон прекин на огнот и гаранции за безбедноста на Украина, од кои дел би можел да биде воен контингент стациониран на територијата на Украина, далеку од фронтот.

Русија постојано изјавува дека ваквите услови се неприфатливи за неа.

„Се движиме кон безбедносни гаранции кои ќе заземат централно место во изградбата на праведен и траен мир“, додаде Макрон.

Во неделата вечерта, Макрон учествуваше заедно со други европски лидери на видеоконференција со Володимир Зеленски и Доналд Трамп по нивните билатерални разговори во Мар-а-Лаго.

 

Најнови вести од: Свет

Израелски министер: Палестинците мора да се иселат од Газа

Министерот за одбрана на Израел тврди дека нема трајно решение за Газа без масовен егзодус на населението и рече дека израелската држава е подготвена да организира заминување на Палестинците по море, воздух и други средства

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

To top