Хроника

Прегазил дете во Чаир и избегал

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик

 

Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на улицата „Џон Кенеди“, улицата „Максут Садик“ и улицата „Македонска бригада“ патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.

Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.

Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега.

 

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава против З.Н.(60) од Волино, експретседател на општина Дебарца, поради „несовесно работење во службата“ од 2017 до 2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

To top