Македонија

Пападакис со потсмев: Нема ли јунак како Јанакис да ја запре „Банда ентопика“ да пее на македонски во Атина? (ВИДЕО)

Аналитичарот реагира за прекинот на изведбата на „Софка на татко“ од градоначалникот на Лерин

Аналитичарот Јоргос Пападакис од Грција со саркастичен коментар за скандалот со прекинот на изведбата на македонската песна „Софка на татко“ од групата „Банда ентопика“ во Лерин од градоначалникот Василис Јанакис бидејќи пееле на македонски јазик.

„’Банда ентопика’ свири и пее на македонски јазик во Атина. Но, зарем нема ниту еден човек што може да го запре овој антихеленски и непоправлив делириум, како храбриот градоначалник на Лерин?“, прашува на Фејсбук членот на Централното претседателство на Виножито, партија околу која гравитира македонското малцинство кај јужниот сосед, покрај споделеното видео од настапот на бендот среде Атина со македонската песна „Што имала к’смет Стамена“ (на линкот).

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top