Македонија

Македонци индиректно го обвинија хрватскиот гигант за измама

Осуда за начинот на кој новогодишното пакетче на Краш изгледа поголемо

Корисници на производите на хрватскиот гигант Краш кој поради квалитетот има одлична репутација во Македонија се налутија за однесувањето на компанијата за Нова Година.

Коросник на социјалната мрежа Х поранешен Твитер објавува Твит кој е виден над 3000 пати во кој бара менаџментот на Краш да се ,,лечи”.

Причината е што во пакетчињата за Нова Година кои се исклучително скапи се ставаат бисквити.

Дополнителен проблем е што пакувањето не е провидно и купувачите не можат да видат дека купуваат бисквити.

Измамата се состои во тоа што пакетчето изгледа поголемо а всушност внатре нема чоколада или други убави производи туку обични бисквити.

Друг корисник коментира дека бисквитите не се од поубавите од брендот Петит Бер туку други поефтини.

Лутината кон познатиот бренд на линкот

https://x.com/i/status/2007205899862192203

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top