Македонија

Цела недела го нема Филипче, Стоилковски загрижен за лидерот на СДСМ

Последен пат Филипче во јавноста се појави на 26 Декември

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ е загрижен што лидерот на СДСМ цела недела го нема во јавност.

 

Со доза на иронија Стоилковски прашува дали Филипче е ,,побегуља”.

 

,,Ова станува сериозно, цела недела го нема Филипче. Седум дена никаде го нема, освен оној бот, снимен бот за новогодишна честитка.

 

Точно една недела е измината откако Венко беше бил виден спакуван на странски аеродром, и оттогаш му се губи трага.

Народот би рекол “Од лани го нема”.

 

СДСМилановац нема поим каде им е лидерот, па се труди да пласира соопштенија за тешка состојба. Изгледа Венко како лидер не им кажал дека во Македонија е до толку добро што може цела недела да го нема и да си седи во странство. Седум дена во странство, а “Македонија во тешкотии и маки”; па сега или не е така, или Венко е побегуља?

 

Како и да е, по 7 дена СДСМилановац може да прогласи вонредна состојба: каде е лидерот, ако и они воопшто знаат.

 

Можеби е на скии со Зоран, или пак можеби му ја чува фотељата на Заев во Дубаи; Онаа градежната, де?

 

На СДСМилановац е да одговори.

Засега, велат дека на обидот да го добијат, на телефонските повици се слушала снимена порака

.المشترك غير متاح

 

Венко, веревр ју ар, сепак, Хев а Њу Иар”, пишува Стоилковски во честитката до лидерот на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top