Колумни

Со огромното зборовно и духовно богатство македонските дијалекти во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово се сведоштво за македонскиот идентитет

Пишува: Свето Тоевски За научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали) завчера им е доделена на неговите автори државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година. „Ова научно дело исцртува слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија и за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој проект, мошне значаен за македонистиката и за славистиката.“ – истакна на церемонијата […]

Пишува: Свето Тоевски

За научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката-лексички материјали) завчера им е доделена на неговите автори државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година. „Ова научно дело исцртува слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија и за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој проект, мошне значаен за македонистиката и за славистиката.“ – истакна на церемонијата министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. Проф.д-р Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик и дописен член на МАНУ, како главен истражувач на проектот за изготвување на Македонскиот дијалектен атлас, во својот преговор кон него нагласува: „Токму оваа генерација македонски дијалектолози може да ѝ покаже на целата македонска и меѓународна лингвистичка јавност колкаво нематеријално духовно богатство претставуваат македонските дијалекти во Република Македонија, Грција,  Бугарија, Албанија и во Косово.“

Македонскиот дијалектен атлас како проект од највисоко национално значење за Македонија датира од 1959 година

Автори на научното дело, кои годинава ја добија  државната награда „Гоце Делчев“ се  проф. д-р Веселинка Лаброска, акад. проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкулоски, д-р Македонка Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, проф. д-р Аритон Поповски, проф. д-р Маријана Киш и проф. д-р Убавка Гајдова (посмртно). Проектот Македонски дијалектен атлас (МДА) е поттикнат во 1959 година на Конгресот на југословенските слависти во Загреб од академик Божидар Видоески, негов основач, организатор и раководител до крајот на својот живот (1998).

Овој проект е долгогодишен проект од највисоко национално значење: со него треба да се истражат и да се опишат географски (на дијалектолошки карти) сите говори од територијата на етничка Македонија, односно од Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија, регионот во пограничјето со Албанија, каде што се зборува македонски и регионот на Гора, што сега припаѓа делумно во Албанија и делумно во Косово. Во изминатиов период од шеесетина години на проектот Македонски дијалектен атлас биле вклучени повеќе десетици соработници, од кои дел вработени во Институтот за македонски јазик, а дел надворешни соработници.

Собрани се три големи картотеки: картотека со тетратките од собраниот теренски материјал според Прашалникот за собирање материјал за Македонскиот дијалектен атлас изработен од Божидар Видоески, од пунктовите избрани за МДА (вкупно 392 пункта); картотека на Македонскиот дијалектен атлас со испишани ливчиња за секое одделно дијалектно прашање од Прашалникот со околу 2 милиони ливчиња и картотека на семинарски и магистерски работи, коишто се изработени од студенти со менторство на професорот Божидар Видоески и на другите соработници на проектот.

Немерливото значење на македонскиот дијалектен атлас како автентично сведоштво за постоењето и богатството на македонскиот јазик и неговите дијалекти

Во 2008 година е објавен воведниот том на Македонскиот дијалектен атлас (Пролегомена) под редакција на д-р Убавка Гајдова (главен редактор), д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, д-р Веселинка Лаброска, д-р Марјан Марковиќ, д-р Еленка Стоевска-Денчова и д-р Гоце Цветановски. Досега се објавени и десетина монографии, кои обработуваат или одделен пункт/регион од МДА, или одделно значенско поле според материјалот од картотеките. Главен финансиер на Македонскиот дијалктен атлас е Министерството за образование и наука. Носител на проектот е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Македонскиот дијалектен атлас има непроценливо значење за македонскиот народ во овој општествено-политички момент, но и посебно во последниве десеттина години, бидејќи македонскиот идентитет и македонскиот јазик, како негов столб и како матица на македонските дијалекти, говорени на сета дијалектна и некогашна етнојазична територија на македонскиот народ, се под жестоки удари, негирања и присвојувања од страна на Бугарија и Грција. Македонскиот дијалектен атлас е автентично научно и фактичко сведоштво за постоењето и сето богатство на македонскиот јазик со неговите дијалекти во Грција, Бугарија, Албанија и Косово.

Инаку, македонските дијалекти, кои се третирани со 50-тината обработени лексеми (зборови) во вториот, лексички (зборовен) том на Македонскиот дијалектен атлас, авторот на овие редови ги дефинира во своите поодделни македонистички истражувања како  лингвакултурни регионални народни вариетети на македонскиот јазик  и траен етнографски документ за животот на македонскиот народ во минатото и сегашноста. Македонските дијалекти се дијахрониско-синхрониски репозиториуми („складови“ во минатото и сегашноста) на симболите, верувањата, митовите, легендите, народните обичаи, традициите и другите видови културни практики, како и на светогледот, начинот на живот и колективната меморија на македонскиот народ, кои како севкупно идентитетско, јазично и културно наследство се пренесуваат од едно на друго македонско поколение. Имајќи го предвид ова, јасно е колкава е важноста на првиот и овој втор том на Македонскиот дијалектен атлас.

Лабровска: Огромно духовно богатство е содржано во македонските дијалекти  

Во својот вовед кон новиот том на Македонскиот дијалектен атлас проф. д-р Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик, дописен член на МАНУ, укажува дека по долги години го објавуваат тој прв том, продолжувајќи ја со тоа работата на нивните претходници. „Токму оваа генерација македонски дијалектолози може да ѝ покаже на целата македонска и меѓународна лингвистичка јавност колкаво нематеријално духовно богатство претставуваат македонските дијалекти во Република Македонија, Грција,  Бугарија, Албанија и во Косово.“ – нагласува Лабровска.

Натаму, таа во воведот истакнува: „Материјалот, претставен во овој том на Македонскиот дијалектен атлас е резултат на обработка на 50 лексеми (зборови): црнка, трепка, мев, стапалка, слезинка, разрок, грд, лага, вистина, кодоши, пена,балдаза, кум, маќеа, очув, сестричник, стрико, вујко, јака, ѕид, чад, толчник, аван, пешник, пченкарен леб, залак, колбас, тиганици, целина, ледина, снопје, прекос, фурка, добиток, митари (се), прле), овен/брав, угич/водач, лисица, ласица, трут, крлушка/ паринка, клукајдрвец, кикиришка, јаболко, грав, јоргован, памук, патека и вампир. Дијалектниот материјал е собиран од 351 пунктови, односно населени места на целата македонска дијалектна територија: 215 пунктови се наоѓаат на територијата на Р Македонија, 98 на територијата на Грција, 28 во Бугарија, 9 во Албанија и 1 пункт во Косово. Од собраниот дијалектолошки материјал се создадени три картотеки во Институтот за македонски јазик. Кон овој том на Македонскиот дијалектен атлас се приложени соодветни карти на распространувањето на споменатите лексеми (зборови) на целата македонската дијалектна територија, од каде што се собрани.“

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top