Колумни

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Пишува: Свето Тоевски

Во 1940 година Коле станал член на диверзантската група „Млади антифашистички борци“.

Дванаесет дена по излегувањето од печат на неговата збирка песни „Пеш по светот“ бил откриен од бугарската полиција како разнесувач на летоци. На 2 септември 1941 година полицијата ја блокирала зградата, во која живеел. Сиот материјал, што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил, давајќи им оружен отпор на гонителите. Кога веќе немало надеж за спас се фрлил од прозорецот на својата мансарда на тротоарот на улицата и така загинал. Според сѐ уште непотврдена верзија, постои тврдење дека бугарската полиција го фрлила долу. Свое сведоштво за за смртта на овој македонски поет дал и неговиот пријател Волче Наумчески, македонски писател и автор на првата стихозбирка, исцело отпечатена на македонски јазик во поранешното Југославија.

Последното збогум со мртвиот македонски поет-револуционер

На 1 септември 1941 година вечерта, во мансардата, во која живеел Наумчевски се наоѓале уште тројца, меѓу кои и Коста Рацин. Подоцна, околу полноќ, дошол и Коле Неделковски. Околу 4 часот изутрината на 2 септември бугарската полиција почнала да тропа по вратите на становите на мансардата. Притоа се слушале викотници, трчање по скалите, кршење врати, а потоа и детонација. Кога се разденило истиот ден во станот на Наумчески дошла полиција. Сите присутни ги наредила на еден ѕид долу. Неделковски лежел на тротоарот, мртов, покриен со ќебе. Крвта сè уште течела од него. Наумчески и Рацин се погледнале и тивко си шепнале: „Збогум, Коле!“. Последната вечер на Коле Неделковски и неговиот разговор со Кочо Рацин во мансардата е тема на поемата „Ракување“ на македонскиот поет Блаже Конески, објавена во неговата збирка „Песни“ од 1953 година, сведочи Волче Наумчески.

Коле Неделковски

Коле Неделковски е истакнат македонски поет и револуционер, кој живее и твори меѓу двете светски војни. Роден е на 16 декември 1912 година, во селото Војница, близу  Велес. Со поезија почнал да се занимава како ученик во велешката гимназија. Потоа се преселил во Скопје. Таму пројавил силен интерес кон македонскиот јазик и неговите особености, запишувајќи ретки, но карактеристични македонски зборови. Уште во младоста имал симпатии кон работниците и учествувал во неколку работнички акции. Поради овие активности бил означен како државен непријател и бил следен од полициските власти. Во 1933 година Неделковски одлучил да емигрира во Софија, каде што постоела многубројна македонска интелигенција. Бил сомнителен за бугарските власти и бил притворен. Но бил ослободен поради недостиг од докази.

Пронаоѓањето на изгубената „библија на македонизмот“ – „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков“ во Народната библиотека во Софија

Коле Неделковски

Судбоносна била 1937 година, кога станал член на Македонскиот книжевен кружок од Софија и соработувал со Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други македонски национални книжевни дејци. Започнал да ги изучува Пушкин, Лермонтов, Ботев, Јаворов, Дебелјанов, Смирненски и други творци. Во тие активности му помагал Вапцаров. Неделковски започнал да ја проучува и македонската историја. Го читал Зборникот на Миладиновци и пребарувал во Народната библиотека во Софија во потрага по материјали за македонскиот фолклор и македонската преродба од 19 век. Тука ја открил заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“ и ја афирмирал пред членовите на Македонскиот литературен кружок и македонската интелигенција. 

На 18 мај 1940 година Неделковски во име на Кружокот му го пратил споменатото писмо на д-р Сергеј  Мисирков, синот на Крсте Мисирков. Тоа писмо претставува најавтентичен показ на непрестајноста на развојот на македонската национална мисла и свест и ја посведочува директната врска меѓу Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и Македонскиот литературен кружок во Софија. Започнал да ја објавува својата поезија.

Прва стихозбирка му е „Молскавици“ во 1940 година, која содржи 16 песни. Со таа стихозбирка се пројавува како афирматор на македонска тематика и на македонскиот јазик. Коле Неделковски, вљубеникот во народната поезија на сопствениот народ и предвесник на новото време, во август 1941 година ја објавува својата втора стихозбирка „Пеш по светот”, посветена на младите македонски борци. Покрај истоимената поема, ова дело на Неделковски содржи уште седум песни. Тие претставуваат борбен извик на поетот против големата опасност од фашизмот.

Дел на стихозбирката „Пеш по светот“ е и антологиската песна „Глас од Македонија”, која претставува впечатливо поетско возвеличување на македонскиот народ и неговите вековни страдања и национални стремежи.

Неделковски, поетот-романтичар и вљубеник во својата татковина и народ, останува засекогаш во националното колективно помнење

Коле  беше поет-романтичар  со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда. Во колективното помнење на македонскиот народ тој останува како еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност, како човекот што ја откри заборавената книга „За македонцките работи“, член на Македонскиот литературен кружок од Софија, афирматор на македонскиот јазик во литературата во време кога беше забрануван.

Основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје, кое го носи името на големиот македонски поет-револуционер

Неделковски влегол во колективното помнење на својот македонски народ и како поет-македонски национален деец, кој соработувал со Никола Вапцаров и со Кочо Рацин. Неговото дело е вдахновение за повеќе современи македонски поети.

Архивирана фотографија на оригиналната спомен-плоча во Софија посветена на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, која била поставена со јасно означен текст „убиен од фашистичката полиција“ по Втората светска војна на зградата, од каде што тој се фрлил (или бил фрлен) на 2 септември 1941 година, откако бил опколен од тогашната бугарска полиција. Спомен-плочата по одреден период е исчезната, или намерно отстранета

Зборувајќи за создавањето и активноста на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 – 1941), академик Гане Тодоровски во една пригода ја подвлече мошне јасната позиција на поетот во однос на националното прашање. Токму во миговите на својата поетска раскриленост и револуционерна развиореност во служба на македонското револуционерно ослободително дело Неделковски трагично загинува при рацијата на бугарската полиција. По поразот на фашизмот на местото на неговото загинување била поставена спомен плоча. Стоела додека официјална Бугарија била во добри односи со Југославија и додека го признавала постоењето на Македонци како народ. Тој период кратко траел, а спомен плочата на Коле Неделковски исчезнала.

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top