Колумни

Европска комисија: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

Европската комисија во изјави дека Шенгенските правила нема да се променат, иако службениците во институцијата се свесни дека одредени категории, вклучувајќи ги и камионџиите, се соочуваат со проблеми при влегување и излегување од европските земји кои се дел од зоната на слободно движење.

  • „Свесни сме дека за одреден број експерти од трети земји кои не се прекугранични работници, потребно е да имаат пристап до Шенген зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова важи за професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеи“, рече Маркус Ламерт, портпарол на Европската комисија.

Неколку стотици камионџии протестираа во Сараево, Белград, Подгорица и во Скопје, пред зградите на делегациите на Европската Унија во тие градови. Компаниите за патен транспорт бараат решение за прашањето на нивниот престој и работа во ЕУ, односно професионалните возачи да добијат услови за престој прилагодени на спецификите на нивната работа.

Проблемот со патните превозници започна со почетокот на примената на Системот за влез и излез (EES) во Шенген зоната. Станува збор за автоматизиран ИТ систем кој го заменува рачното печатирање на пасошите за граѓаните на земјите надвор од ЕУ кои влегуваат во Шенген зоната. Системот беше делумно воведен во октомври 2025 година, а е целосно оперативен од април оваа година.

Главниот проблем за камионџиите не е само земањето биометриски податоци на границата, туку и строгото компјутерско следење на правилото за максимален престој од 90 дена во рамките на кој било период од 180 дена (правилото 90/180). Бидејќи системот EES автоматски регистрира пречекорување на дозволениот престој, професионалните возачи, поради природата на нивната работа, можат да ги искористат овие 90 дена за само два до три месеци, по што повеќе не можат легално да влезат во Шенген зоната, што ги загрозува нивните работни места и целата логистика.

Најнови вести од: Колумни

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Статијата „Дали македонското прашање е навистина толку сложено?“ на Анри Барбис од 1.9.1926 – дел од неговиот француски „Манифест на македонизмот“ (1)

„Навистина овде станува збор за една нација. Нација која има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност. … Оваа нација, на самата почва на која се развила и опстојувала, каде што историјата ја засадила, со која е поврзана преку своите корени и својата култура, се третира како збир на робови и злосторници.“ – напиша славниот француски писател Анри Барбис во својата прочуена статија со наслов „Дали македонското прашање е навистина толку сложено?“ („La question macédonienne est-elle si complexe que cela?“), која е објавена во списанието „Балканска федерација“ на денешен ден, на 1 септември 1926 година. Барбис, еден од најблескавите француски и европски интелектуалци  меѓу двете светски војни, уште пред 100 години во својата статија пишува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Борбата на „Духовниот воин“ за Македонија Волф Ошлис против фалсификатите дека македонскиот е „вештачки јазик“, „создаден во 1944/1945“! (2)

Еден од најзначајните текстови на германскиот македонист Волф Ошлис е неговата студија „Проблемот на јазикот на Македонците во трудовите на раната германска македонистика“. Во неа тој силно аргументира дека македонскиот јазик не е некаква политичка конструкција, што започнува со некој и нечиј административен акт, туку оти македонскиот народен јазик е основата, врз која во текот на многуте векови наназад во историјата се развива современата македонска писменост.  Во оваа студија за раната германска македонистика Ошлис покажува дека постоеле германски научници, кои експлицитно ги третирале Македонците со нивниот македонски јазик  како посебен етникум и посебен јазик.

To top