Колумни

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Пишува: Свето Тоевски

Современите антимакедонски и шовинистички тврдења од одредени кругови, кои се обидуваат да го прикажат македонскиот јазик во Егејскиот и другите делови на Македонија како „вештачка творба“, се целосно научно збришани од наодите на непристрасни европски лингвисти и слависти уште од 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. Егзактната јазична наука уште пред еден век стави траен печат врз македонската јазична и етничка посебност. Постојат цела низа научни истражувања на угледни европски и светски лингвисти и македонисти, кои утврдиле несоборливи докази против какви било оспорувања на македонскиот јазик.

Македонскиот ракопис со 330 зборови, изрази и реченици од 16 век на македонски народен јазик од село Богатско, од Костурско, Егејска Македонија

Триста и триесет изворни македонски зборови во ракопис од 16 век од селото Богатско, во Костурско – триста и триесет аргументи против грчките обиди да се прикаже како „непостоен“ македонскиот јазик во Егејска Македонија!

Андре Вајан

„Словенскиот македонски јазик претставува реалност во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски литературен јазик, јазик на сосем мала учена литература, но на обилна народна литература. Негови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Воден и  тн.“ – ќе запише францускиот лингвист и македонист Андре Вајан во 1938 година за постоењето и засебноста на македонскиот јазик во својата научна студија „Проблемот на словенскиот македонски јазик“, издадена од Лингвистичкото здружение од Париз, Франција, во 1938 година.

Еден од најжестоките аргументи на овој врвен европски лингвист против грчките, бугарски и сечии други негаторски тези е студијата „Македонскиот речник од XVI век“, која ја издал заедно со Ќиро Џ.Ѓанели, професор на Универзитетот во Рим, Италија. Тоа е научно дело со речник со 330 зборови, изрази и реченици, кои се изворни запишани со грчки букви во ракописот, но со чист македонски говор. Документот, напишан од непознат автор, е пронајден во библиотеката на Ватикан. Текстовите, презентирани за анализа, се објавени во издание на  „Институтот за словенски студии“ при Парискиот универзитет во 1958 година. Станува збор за еден од најраните ракописи напишани на чисто македонски народен јазик. Неговите содржини се собрани од селото Богатско, кое се наоѓа во Костурско, во југозападна Македонија.

Првиот непосреден допир со Македонија Андре Вајан го имал како француски војник на Македонскиот  (Солунски) фронт во времето на Првата светска војна. Тогаш како потпоручник во Главниот штаб имал задача во „околината на Лерин да ја испита јазичната ситуација, обичаите и спомениците“, при што започнал и со собирање македонски народни песни и приказни. Притоа, меѓу другото, утврдил: „Во Македонија, српска и грчка, постои само македонски јазик“. А денес, по повеќе од цел еден век леринскиот и други грчки обвинители, грчки граѓански, политички и други активисти, реагирајќи на пеењето песни на македонски јазик на годинашниов македонски фестивал  во Овчарани, во Леринско,  ја прикажуваат како како криминал употребата на „непостојниот“ македонски јазик, како „чин против интересите на грчката држава“!

Со несоборливи факти и научна објективност ги докажува и австрискиот лингвист и македонист Карл Хрон самобитноста и развојот на македонскиот народ и јазик.

Научната студија „Народноста на македонските Словени“ на Карл Хрон од 1890 година

„Врз основа на моите студии дојдов до убедување дека Македонците, како по својата историја така и по својот јазик, се посебна народност.“ – аргументира Карл Хрон во својата студија со наслов „Народноста на македонските Словени“, објавена уште во 1890 година. Исто така, и таа студија ги „пеплосува“  до темел уште од тогаш денешните бруталните јазично-идентитетски и историски фалсификати на „добрите соседи“ за македонскиот народ и јазик, за Македонија.

„Македонците се посебен народ, директни потомци на оние словенски прадоселеници, кои го населувале Балканскиот Полуостров уште долго време пред српската и бугарската инвазија и кои не се измешале со ниту еден од овие два народа.  … ќе биде потребно стручно, на самото место, да се соберат истражувачки извештаи за особеностите на јазикот, обичаите, навиките, традицијата, народните песни и др. Но, колку повеќе ја гледам целината на досегашните заклучоци, станувам сѐ поцврсто уверен дека посебната националност на Македонците ќе биде со напредувањето во испитувањата сѐ појасна и подокажлива.“ – нагласува Хрон во студијата.

Теренските дијалектолошки записи на Мјечислав Малецки од 1933 од солунските села Суха и Висока: „Голем број од населението не се идентификувало себеси како Бугари, ниту го знаело грчкиот јазик“

Мјечислав Малецки

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) се смета за првиот полски македонист кој со своите теренски лингвистички истражувања во триесеттите години на 20 век во Егејска Македонија даде клучен придонес во докажувањето на автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Неговата работа е директно надоврзување на истражувањата на словенечкиот славист Ватрослав Облак од 1896 година. Теренските дијалектолошки истражувања на Малецки се исклучително важни прилози кон историјата на македонскиот јазик. Овој полски лингвист и македонист нагласува дека првиот писмен книжевен јазик – старословенскиот е настанат врз основа на македонските говори од непосредната околина на Солун. Ватрослав Облак ги вршел своите теренски истражувања во трите солунски села Сухо, Висока и Зарова и резултатите од нив ги објавил во книгата „Македонски студии“ на германски јазик.

По истражувањата на Ватрослав Облак, во 1933 година доаѓа и Малецки во истата област, во Солунско, и како лингвист веродостојно ги забележува последиците од сите катастрофални последици од грчките геноцидни удари врз физичкото постоење на македонскиот народ и македонските дијалекти во Егејска Македонија. Резултатите од интензивните истражувања на Малецки во Егејска Македонија, денес во Грција, се неколку расправи и две книги: „Два македонски говора. Сухо и Висока во Солунско“ и „Текстови од говорите во Костурско“. Тие се објавени во Краков, во 1934 година, со напоредно приложени автентични македонски дијалектни записи од Сухо и Висока, но и од Костурско, произлезени од разговорите со месното македонско население. Во Краков во 1936 година Малецки објавил и речник на тие говори.

Овие научни студии од Виена, Париз и Краков, напишани од најугледните европски лингвистички авторитети, јасно покажуваат дека постоењето на македонскиот јазик на целата негова етничка територија не е политички декрет или изум од поновата историја. Науката за јазикот уште пред повеќе од еден век го верификуваше македонскиот како посебен и автономен ентитет, со што сите современи шовинистички негирања на неговиот идентитет и корен се целосно неодржливи и научно беспредметни.

Современите слоеви на грчкиот народ и политичкиот естаблишмент, кои денес агресивно го негираат македонскиот јазик и идентитет, се судираат со својата сопствена историја, во која е запишано: „државата Грција издала македонски Буквар на македонски јазик во 1925 година“!

Дополнителен, клучен и правно-историски несоборлив доказ, кој целосно ги фрла во вода современите оспорувања на македонскиот јазик и во Егејскиот и во другите делови на етничка Македонија, е и „Абецедарот“ (Abecedar) — буквар отпечатен во Атина во 1925 година во државната печатница.Овој документ претставува директно, официјално и институционално признание на македонскиот јазик од страна на самата грчка држава пред точно еден век. По потпишувањето на Севрскиот договор Грција презема меѓународни обврски за заштита на малцинствата. Под директен притисок на Друштвото на народите (претходникот на ОН), грчката влада е принудена да го подготви овој буквар, наменет за словенското, македонско население во Егејска Македонија. Букварот е напишан на леринскиот македонски говор. Текстот во Абецедарот ја одразува живата народна македонска реч во Егејска Македонија.

Овој буквар денес е најсилниот аргумент против грчката шовинистичка политика од неколку клучни причини. Прво, тој носи „државен печат на Грција“, зашто е одобрен од тогашното грчко Министерство за образование. Грчката држава не може да негира документ, што самата го создала и го испратила во Женева како доказ за исполнување на малцинските права. „Букварот“ е директен временски демант: излегува од печат во 1925 година. Ова целосно ја „демонтира“ грчката лага дека македонскиот јазик е „изум на Тито“ или „вештачка творба од 1945 година“. Фактот што букварот бил наменет за децата во Лерин, Костур и Воден, сведочи за масовното присутство на македонското население во тие делови. Современите слоеви на грчкиот народ и политичкиот естаблишмент кои денес агресивно го негираат македонскиот идентитет, но и се судираат со својата сопствена историја. „Абецедарот“ е архивски паметник и правно признание, кое докажува дека македонскиот јазик е автохтон, жив и меѓународно евидентиран во Егејска Македонија уште пред еден век.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна лингвистичко-политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту се став на редакцијата на „Експрес“)

(продолжува)

Најнови вести од: Колумни

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Моќната одбрана на Анатол Франс на Македонците во 1903 – европско „бетонирање“ на идентитетот наспроти бугарско-грчките оспорувања (1)

„Во Македонија турските војници и чиновници масакрираат селани и ги силуваат нивните ќерки и жени. Овие злосторства, извршени за срам на Европа, мора да бидат казнети од Европа. Загрижени сме за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, туку затоа што се човечки суштества. Како гаранција за нивното спасение и заради воспоставување сеопшт мир, бараме целосно спроведување на Берлинскиот договор во однос на Ерменија и Македонија. “ – истакнал францускиот писател Анатол Франс во својот знаменит говор, одржан на 18 март 1903 година во Париз на собир, заради поддршка на Ерменија и Македонија. Со тоа уште пред 123 години во срцето на Франција и Европа овој великан на интелектуална Франција едновремено изнесува и моќна потврда на идентитетот на македонскиот народ. Но искажува и заложба за македонска државност и политичка самостојност согласно со Берлинскиот договор од 1878 година, особено во однос на Бугарија и Грција – денешните најжестоки негатори на Македонија и Македонците. Денес се навршуваат 102 години од смртта на овој бележит Француз – бескомпромисен борец и за македонската вистина среде Европа. Оваа годишнина е соодветен повод за ново навраќање кон неговото промакедонско дело, со кое тој трајно заслужува посебно место во колективното паметење на македонскиот народ. Чествувањето на Анатол Франс е чествување и на самите нас како народ со своја самобитност и македонски идентитет.

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

To top