Македонија

Рамабаја до Трамп: Проширете ја акцијата и во Балканот, за да ја имаат и овдешните Мадуровци судбината како Мадуро од Венецуела!

„Од денес, ентузијастички настроени од акцијата на САД во Венецуела, почнаа молитви Мадуровците од Балканот, колку е можно поскоро, да ја имаат истата судбина како Мадуро од Венецуела. Ова би бил сигнал дека и нашиот регион ќе биде ослободен од истите автократи и диктатори. Мадуро во Албанија, од страв од својот пад, ги блокираше активностите на СПАК – истражно-криминалистичката агенција против корупцијата, попречувајќи ја борбата против криминалот. Албанскиот Мадуро ја трансформираше најубавата и најпрекрасната земја на Балканот во една од најкорумпираните земји во Европа. Албанците со демократска влада би имале најдобра благосостојба во регионот, додека всушност, под нивниот Мадуро, тие се најсиромашните во Европа. Мадуро во Србија покажува солидарност со Путин, Иран, Кина и го тероризира целиот регион, имитирајќи го и преземајќи ја улогата на Путин на Балканот.“ – истакнува косовскиот аналитичар Шериф Рамабаја во својата колумна, во која директно му се обраќа да „не ги заборави и Мадуровците од Балканот“!

„Претседателе Трамп, проширете ја вашата акција во Балканот! Овде почнаа молитви Мадуровците од Балканот, колку е можно поскоро, да ја имаат истата судбина како Мадуро од Венецуела. За да биде и нашиот регион ќе биде ослободен од истите автократи и диктатори!“ – му упатува апел Шериф Рамабаја на американскиот претседател Доналд Трамп преку својата сатирична колумна со наслов „Повик до Трамп: не заборавај ги Мадуровците од Балканот!“

Во колумната, што ја објави косовскиот весник „Бота сот“ Рамабаја пишува: Мадуро, кој од возач на автобус стана претседател на Венецуела, имаше одбројани денови. Тој живееше со својот сон за вечна моќ, слично на двајцата Мадуровци од Балканот. Но тој сон не му се исполни. Алчноста што не можеше да ја дозволи, му ги заслепи очите. Неговата кариера заврши, како што се очекуваше. Во текот на 13-те години колку што беше на власт, повеќе од 8 милиони луѓе ја напуштија Венецуела. Само овој факт зборува за неговата диктаторска личност.

Сегашниот страв е дека претседателот Трамп нема да застане тука, туку дека ќе се погрижи и за Мадуровците од Балканот. Барањата на регионот би биле операцијата да се прошири на Балканот. И тука има личности кои се идентификуваат со режимот на Мадуро од Венецуела: се однесуваат како него, размислуваат како него, дел се од криминалот како него, ја прошириле нарко-државата како него, на власт колку што е Мадуро од Венецуела,  народот бега од режимот на балканските Мадуровци продолжува на ист начин, тие победуваат на избори, исто како него, итн. итн.

Силна е причината зошто да го прошират САД своето дејствување и во Балканот. Ова е желбата на регионот, но останува голем прашалник дали е веројатно дека ќе се спроведе. Повиците за слична акција ќе се зголемуваат од ден на ден. Балканот исто така би сакал и на нивните Мадуровци да им бидат изброени деновите како на Мадуро на Венецуела. Сепак, овој случај, киднапирањето на Мадуро, не може да остане како ништо да не се случило. Сите Мадуровци, каде и да се, од денес па натаму, нема да можат да спијат мирно. Камбаните бијат и за нив. Ние би сакале да им бидат изброени деновите и на Мадуровците од Балканот. Претседателе Трамп, проширете ја вашата акција во Балканот! – наведува Шериф Рамабаја во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

Грипот коси – пикот допрва доаѓа, што препорачуваат лекарите?!

Новогодишните прослави, како и собирите за време на празниците си го направија своето, односно го раширија грипот. Периодов ординациите на матичните лекари се полни со болни. Бројот на пациенти со симптоми карактеристични на грип почнал да се зголемува во последната недела од декември. Кај нас до сега има 1.725 нови случаи. ИЈЗ предупредува дека пикот допрва доаѓа и даде неколку препораки за заштита на граѓаните.

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево, поради електронско внесување податоци за патници без ЕУ-пасоши

Поради електронско внесување на податоци за патници, кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментно е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

To top