Бизнис

Цаните за Бадник до небо, килограм костени од 100 стигнаа и до 300 денари

Сега, Законот за нефер трговски практики предвидува максималната казна за непочитување на одредбите да биде до 20.000 евра за голем маркет, премиерот најави дека остро ќе бидат казнети сите кои работат спротивно на интересите на граѓаните и непазарно ги пумпаат цените на рафтовите. Тој до март најави дека ќе се смени висината на казните и тие ќе бидат 10 пати повисоки или до 200.000 евра. 

Кога е празник, главно христијански, како по обичај трговците ги креваат цените до небо. На некои од зелените пазари цените одат и двојно повеќе со цел тргоците на овие денови да ќарат некој денар повеќе од ионака сиромашните граѓани, кои го делат и последниот денар, сакајќи да стават од се по малку на софра за време на празнивите. Граѓаните реагираат за драстичниот скок на цената на костените во пресрет на Божикните празници. Оревите се продаваат за над 350 денари за килпграм, а цената на костенот е од 200 па до 300 денари за килограм. Трпезата за Бадник ќе биде посна но, цените и оваа година се „мрсни“ велат граѓаните кои ги прават последните подготовки за Бадник и Божиќ.

Иако со скромен буџет на трпезата според традицијата ќе има од се по нешто: урми, сливи,ореви, костени и сезонско овошје. Дел од граѓаните велат дека и маркетите претпразнично пак ги „набилдале“ цените, но, и покрај тоа, празнично секој купува според длабочината на џебот. Со овие цени колку точно просечниот Македонец ќе треба да издвои за празничната кошница без да се задолжи, секој ќе  дознае на крајот на јануари кој важи за најтешкиот и најдолгиот месец во годината.

Риба, гравче, сарма, ќе се меси лепчето. На Бадниковата трпеза ќе има и маслинки, урми сливи, ореви и костени. Сезонско овошје. Од сето ова ако се купи по малку како што велат граѓаните, минималната цена на една скромна семејна трпеза за Бадник изнесува околу 2.000 денари. И тоа цената на килограм риба ослич се движи од 150 до 200 денари, гравот чини од 130 до 300 денари, а костенот е најскап и се продава од 200 па до 350 ден за кгилограм. Мандарините од 80 до 100, а јаболката се продаваат по 60 денари. Граѓаните велат цените се високи но секој купува согласно длабочината на џебот.

Иако во моментов Законот за спречување нефер трговски практики предвидува максималната казна за непочитување на одредбите да биде до 20.000 евра за голем маркет, премиерот најави дека остро ќе бидат казнети сите кои работат спротивно на интересите на граѓаните и непазарно ги пумпаат цените на рафтовите. Тој до март најави дека ќе се смени висината на казните и тие ќе бидат 10 пати повисоки или до 200.000 евра.

Најнови вести од: Бизнис

Ристески во Будва на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“

Поддршката на развојот и конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот ќе биде во фокусот на меѓународна конференција во Будва, на која ќе учествува и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Конференцијата е посветена на лансирањето на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција

Македонскиот „Грин Машинс“ БРАКО блесна на светскиот саем ИФАТ во Минхен

Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој

To top