Македонија

МВР ќе испитува кој го викна попот да ги освети новите возила

МВР најави дека по завршувањето на внатрешната постапка, јавноста ќе биде дополнително информирана за исходот.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на полициската станица.

„Во однос на објавените фотографии, МВР ве известува дека се преземаат соодветни мерки и активности, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, наведуваат од Министерството.

Фотографиите, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа бурни реакции кај јавноста. На нив се гледа свештеник кој врши верски обред и осветување на службени возила, додека присутни се и полициски службеници.

Дел од граѓаните го оправдуваат чинот, истакнувајќи дека во православната традиција постои обичај за молитва и осветување на возила за безбедност и заштита. Од друга страна, многумина реагираат дека ваквата практика е спротивна на принципот на секуларност на државата и дека јавните институции мора да останат верски неутрални.

Дебатата ја отвори темата за границата меѓу личните верски обичаи и професионалното однесување во државните институции, како и потребата од јасни правила за одвојување на верското од службеното.

МВР најави дека по завршувањето на внатрешната постапка, јавноста ќе биде дополнително информирана за исходот.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

To top