Македонија

Божиќ е ден кога се прашуваме дали се однесуваме со верба во доброто (ВИДЕО)

,,Гледате колку народ одеднаш се обединува, гледате каква позитивна енергија и мисла има”

Во изјава за медиумите по свечената литургија во Соборниот храм во Скопје претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го цитираше Архиеписопот на МПЦ-ОА Г.г. Стефан според кого секоја година година на овој ден фрламе еден поглед кон себе, се оценуваме и се прашуваме дали навистина се однесуваме со верба и со вера во доброто, во убавото, или ако сакате во светлото.

,,Затоа е тоа голем ден и се чини дека зборовите на архиепископот, дека во ова време, невреме, дури и кога нешто не гледаме, треба да веруваме во него, а тоа е повторно доброто, светлото, надежта дека човекот во нас постои, дека еве денеска се потсетуваме на Богочовекот, на Исус Христос, којшто не е само денеска меѓу нас, туку е постојано меѓу нас, за да не потсети за тоа дека неговиот пат е нашиот вистински пат. Гледате колку народ одеднаш се обединува, гледате каква позитивна енергија и мисла има”, изјави претседателката ГорданаСиљановска-Давкова на Божиќ.

Целата изјава на МИА.мк

Најнови вести од: Македонија

Донесени законите за судската и јавнообвинителската служба – значаен исчекор кон зајакнување на нивната самостојност, професионалност и ефикасност

Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт.

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите низ Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Сторители на тешки кривични дела ги изиграле системот и судовите и со коруптивни лажни вештачења за нарушено здравје сместени во психијатриски установи!

Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител, при контролата на психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025, затекнал 20-ина осуденици сторители на кривични дела кои не се со психичка болест, туку се здрави и пресметливи, но го изиграле системот и судовите преку коруптивни вештачења за нивно наводно нарушено здравје.

Македонија доби пристап до 4,4 милијарди евра од здравствените фондови на ЕУ – можност за приближување до европските стандарди и политики.

Македонија доби пристап до фондовите за здравство од 4,4 милијарди евра на Европската Унија (ЕУ). Министерот за здравство, Азир Алиу денеска кажа дека потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во програмата „ЕУ фор хелт“ (EU4Health) е значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. Програмата отвора можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг-програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Премиерот Мицкоски посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија. Тој потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција

Најнови вести

To top