Бизнис

Цените на недвижностите ќе стагнираат – Може ли реално едно просечно семејство да си купи стан?!

Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните. Сепак, експертите предупредуваат дека продолжениот раст на цените има пошироки економски и политички последици, од продлабочување на социјалните разлики, до зголемена миграција на младите. Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните.

Цената на станбениот квадрат не само во Скопје, туку и во цела држава како да е ставена на брза лента. Тоа го прави купувањето дом сè понедостижно за младите семејства и за граѓаните со просечни приходи. Според податоците на Народна банка, во четвртиот квартал од 2025 година недвижностите поскапеле за 25 отсто на годишно ниво, со што се заокружува година со континуиран двоцифрен раст на цените. Индексот се базира на огласени станови во Скопје, каде притисокот врз пазарот е најизразен.

Цените на становите нема да се зголемат, но нема ни да се намалат. Градежните експерти сметаат дека во 2026 година ќе има стагнација на цените на квадратните метри станбени објекти, бидејќи интересот за купување станови се намалува. Ова може да се заклучи од фактот дека голем дел од компаниите што продаваат имаат непродадени станови. Ако претходно голем дел од становите се продаваа додека сè уште беа во изградба, сега дури и по завршувањето на изградбата на одредена станбена единица има неколку непродадени станови.

Од градежниот сектор, пак, очекуваат смирување на пазарот. Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото при Стопанската комора рече дека цените на градежните материјали се стабилизирале и дека во 2026 година може да се очекува израмнување на понудата и побарувачката, особено во Скопскиот, Полошкиот и Пелагонискиот регион.

Сепак, експертите предупредуваат дека продолжениот раст на цените има пошироки економски и политички последици, од продлабочување на социјалните разлики, до зголемена миграција на младите. Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top