Македонија

Премиерот повикува на лидерска средба во наредните 7 до 10 дена

Теми на средбата би биле консензус за реформските закони и за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните 7 до 10 дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос. Теми на средбата би биле консензус за реформските закони и за укинување на техничката влада.

Премиерот очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат поканата за лидерска средба. Дневниот ред, како што вели, може да биде проширен и дополнет од страна на другите.

За клучните прашања за државата, Мицкоски очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции.

„За правобранителот да разговараме. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава, можеме ете кога е предизвикот, посебно целта пред нас, а тоа е Европската Унија да разговараме отворено на сите тие теми, за кои  немаме дијаметрално различни ставови. Нели велиме сите сме за таму, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија, имаат позитивно мислење од Канцеларијата на Европската комисија. Ајде да седнеме и да разговараме“, рече Мицкоски во гостување на телевизија Алфа.

Во врска со техничката влада, премиерот Мицкоски вели дека пред минатите избори и СДСМ рече дека таа пред избори повеќе не е потребна. Вели, за разлика од претходно, оваа Влада покажува една широчина, која што е потребна особено во период кога се говори за суштински реформи, реформи на политичкиот систем, но и за оние закони коишто се дел од реформската агенда за пристапување кон ЕУ. Потенцира дека за дел од нив е потребен консензус.

„ Пред овие избори раководството на СДСМ велеше дека тие се за бришење на техничката влада, да видиме дали стојат на тој став. Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема бадентер, но, не би сакал да влегувам во таков процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно, затоа што мислам дека таков тип на измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

To top