Македонија

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница

Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица.

Како дел од традиционалните празнични активности беа обезбедени 57 ќебиња за згрижените лица во Дневниот центар за лица со посебни потреби и за членовите на Здружението „ПОРАКА“ во Македонска Каменица. Дополнително, во соработка со општината, за 220 семејства од социјално ранливи категории во локалната заедница беа донирани пакети со храна, со што бешеобезбедена значајна помош за оние на кои таа им е најпотребна во овој период од годината.

Посебно внимание, како и секоја година, беше посветено и на најмладите. Фондацијата на Рудник САСА обезбеди 160 новогодишни пакетчиња за децата кои ја посетуваат детската градинка „Бамби“, како и 431 пакетче за учениците во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.Пакетчињата содржат производи на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, чиј производствен погон пред неколку месеци беше зафатен од пожар, во знак на солидарност и поддршка за закрепнување на компанијата по овој настан.

Продолжувајќи ја воспоставената празнична традиција на благодарност и почит, Рудник САСА обезбеди и подарок и свечена вечера за членовите на дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица, полицијата, како и за вработените во САСА кои работеа на новогодишната ноќ.

Покрај активностите насочени кон локалната заедница, на сите вработени во САСА им беше исплатен празничен паричен надоместок, како и пригoден новогодишен подарок, како израз на благодарност за нивната посветеност, одговорност и професионален ангажман во текот на целата година.

„Овие активности се дел од традицијата што Рудник САСА со години ја негува како одговорен член на заедницата. И покрај предизвиците со кои се соочувавме во текот на годината, рудникот изнајде сили и можности да продолжи да вложува во луѓето, во нашите вработени и во заедницата во која живееме и работиме. Веруваме дека токму во празничните денови солидарноста игрижата имаат посебно значење“, велат од менаџментот на Рудник САСА, честитајќи им ги празниците на сите вработени и членови на заедницата со желби за добро здравје, успех и среќа.


Со овие традиционални празнични активности, Рудник САСА и неговата Фондација уште еднаш ја потврдуваат својата долгорочна посветеност кон благосостојбата на вработените и кон поддршката на локалната заедница.

Најнови вести од: Македонија

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

Најнови вести

To top