Македонија

МАЕИ: Притисоци да им се забранат на Македонците во Албанија Сонцето од Кутлеш и другите македонски идентитетски симболи!

Во својот Годишен извештај за 2025 година Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) посочува дека Македонците во Албанија во текот на изминатата година се соочиле со сериозни притисоци поврзани со ограничување на употребата на македонските национални симболи. МАЕИ нагласува дека и во иднина ќе продолжи да ги брани правата на Македонците во Албанија и да реагира на секој обид за асимилација, дискриминација, или за ограничување на нивниот македонски национален и културен идентитет.

Во извештајот се наведува дека претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, припадник на грчкото малцинство во Албанија, во повеќе наврати побарала Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), македонските организации, како и Општина Пустец, да не го користат Сонцето од Кутлеш како свој симбол. Како образложение било наведено дека, согласно со Преспанскиот договор, станувало збор за „грчки симбол“.

Од МАЕИ реагираат дека ваквите барања се неосновани и претставуваат директен обид за ограничување на правото на културно и идентитетско изразување на македонската заедница во Албанија. Партијата  нагласува дека Сонцето од Кутлеш со години легално се користи од македонските организации и институции во Албанија, во согласност со важечкото албанско законодавство и без прекршување каква било законска норма.

Во врска со овие притисоци, како што се наведува во извештајот, МАЕИ ги информирала надлежните албански институции, но и дипломатските претставништва на странските мисии во Албанија, меѓу кои и македонската амбасада. Притоа било укажано дека ваквите обиди за забрана и оспорување на традиционалните симболи се недозволиви и спротивни на европските стандарди за заштита на правата на националните малцинства.


Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top