Бизнис

Што е со компаниите кои не исплатиле регрес за годишен одмор, односно К-15?!

Во 2025-та бил исплатен регрес за годишен одмор во вредност од околу девет милијарди 212 милиони денари. Завршил на сметката на над 455 илјади 680 работници. Но сепак дел од вработените на кои им следува не добиле пари. Се обратиле во трудовиот инспекторат, оттаму звелат се постапува по пријавите, работодавачите добиваат опомени, ако не ја завршат обврската им се заканува казна.

За работодавачите кои не исплаќаат К-15 односно регрес за годишен одмор, согласно законот се предвидува казна. Регресот за годишен одмор се исплатува до 31 декември и преставува законска обврска за работодавачите од приватниот сектор. Ако работодавачот не исплати регрес за годишен одмор согласно Кривичниот законик му се предвидува парична казна или казна затвор до 1 година. Исто така доколку работодавачот исплати К-15 формално, а потоа побара да му се вратат средствата се казнува согласно Кривичниот законик со парична казна или казна затвор од три месеци до една година.

Работниците имаат право на К-15 и доколку не им биде исплатен истиот можат за тоа да го известат Државниот инспекторат за труд или да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Ако се споредат податоците со претходната 2024 година, достапни преку УЈП, може да се констатира дека лани сумата исплатена за к-15 била поголема за некаде 735 милиони денари, но бројот на работодавачи кои исплатиле бил помал за 176, исто и бројот на вработени кои добиле пари на сметка.

Оваа година, минималниот износ на К-15 изнесува 18.141 денари или околу 295 евра за вработените во приватниот сектор, во јавниот сектор е утврден износ од 12.372 денари или околу 200 евра. Регресот за годишен одмор изнесува најмалку 40 проценти, а најмногу 100 насто од просечната месечна нето-плата. Помала сума може да се исплати само доколку претходно ценејќи ја економско-финансиската состојба се договориле работодавачот и синдикатот.

Во 2024-тата биле поднесени само 22 пријави од работници кои не ја добиле сумата, најчесто во текстилната индустрија, која традиционално е најпогодена од неправилности во исплатата на надоместоците.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top