Свет

Сијарто: ЕУ не може да си го најде местото во светот! Излез е голем европски патриотски пресврт!

На прес-конференција, што ја одржа пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ предвиде на Европската Унија дека „ќе се распадне самата од себе“, како што нагласи, „поради „хаос во лидерството“. Како што пренесе „Еуроњуз“, Орбан сепак, ја отфрли можноста Унгарија да ја напушти ЕУ, велејќи дека „земјата нема доволно големина за да донесе таква разумна одлука“. Орбан нагласи дека иднината на Унгарија е во рамките на блокот и НАТО, но, како што посочи, со „суверена надворешна политика и економска политика“. Со своите најнови изјави шефот на унгарската дипломатија Сијарто се надоврза на Орбан, но дополнително заострувајќи го тонот кон официјален Брисел со своето тврдење дека, наводно, „ЕУ сака да ѝ наметне марионетска влада на Унгарија“ и оти „таа е веќе изолирана и изгубена во светската геополитика“.

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто од Будимпешта повторно го отвори прашањето за улогата на Европската Унија во светот кој, како што вели, „се менува побрзо отколку што европските институции можат да го следат“. Повод беше неговата средба со Ремигиус Жемајтаитис, лидер на литванската десничарска партија „Мугрите над Неман“, но неговите пораки беа упатени првенствено кон официјален Брисел.

Според Сијарто, враќањето на Доналд Трамп на претседателската функција во Соединетите Американски Држави, заедно со паралелното зајакнување на десничарските политички опции низ целиот свет, „довело до длабоки, речиси тектонски промени во меѓународната политика“. Во таква рамнотежа на моќта, смета  Сијарто, „Европа се чини дека е изгубена“. Како пто изјави тој, „Брисел е сè повеќе изолиран, а Европската Унија веќе ја изгуби својата поранешна доминантна позиција – и во глобалната политика и во светската економска архитектура“.

Шефот на унгарската дипломатија се осврна и на одлуката на двете европски нуклеарни сили, Велика Британија и Франција, да размислат за испраќање свои трупи во Украина, што го гледа како „дополнително зголемување на напнатоста“. Унгарскиот министер тврди дека „преку санкции практично се гради европска воена економија“, додека во исто време, според неговите зборови, „Унијата се отвора за масовен прилив на мигранти“ и промовира идеолошки концепти, што ги опишува како „родово лудило“, за кои верува дека „ги поткопуваат природните, вековни општествени норми“. Според Сијарто, ова се „симптоми на истата политичка дезориентација на ЕУ“.

Сијарто се залага за „јасна линија на поделба“ меѓу овој курс и она, што го нарекува „патриотски пристап“. Сијарто заклучува дека „единствениот излез е во голем европски патриотски пресврт“. Унгарската влада и владејачката партија ФИДЕС – Унгарски граѓански сојуз, според него, се залагаат за мир „наместо за понатамошни конфликти“, за преговори наместо испраќање војници во Украина, за безбедност наместо неконтролирана миграција и за поддршка за семејствата „наместо идеолошки експерименти“, како што кажа.

Тој ги изразува овие ставови во време кога ФИДЕС води политичка битка со опозициската партија Тиса, која, вели тој, „има отворена поддршка од лидерите на Европската Унија„. Парламентарните избори во Унгарија се закажани за април. Во овој изборен контекст Сијарто ги обвинува западноевропските политичари дека „сакаат да им наметнат на Унгарците марионетска влада“, јкоја би била, според него, „влада која несомнено би била насочена кон Брисел и Киев“. Затоа, нагласува тој, „Будимпешта смета дека е нејзина обврска да се спротивстави на воинствениот тек на мислење и дејствување во европските институции“.



Најнови вести од: Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО18+) Иран во хаос: Над 500 загинати, болниците полни со прострелни рани

Според американска организација за човекови права, досега загинале повеќе од 500 демонстранти, додека иранските власти веќе над 72 часа ја држат земјата во речиси целосен прекин на интернетот и телефонските врски.

To top