Македонија

Кршачот на стакло на бугарската амбасада, неофицијално, не е Македонец

Официјална Софија со жестоки реакции, осуда и од Муцунски, за кого станува збор за изолиран настан

Лицето кое во соопштението на Министерството за внатрешни работи е идентификувано со иницијали Ш.А. и на возраст од 54 години, кое вчера со камен го скрши стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, неофицијално, не е од македонска националност.

Тоа, сепак, не ја ублажи жестоката реакција од бугарска страна, од кадешто настанот се означува како „резултат на целно создаван наратив“, според амбасадорот Желјаско Радуков, а според Министерството за надворешни работи на Бугарија е „резултат на систематскиот недостиг од реакција на надлежните институции“.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски го осуди инцидентот кој, според него е изолиран настан, без огромна материјална штета.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top