Спорт

Победа на последната контрола за македонските ракометари

Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел

Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15.јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36:27 (14:13).

Ова беше последната контрола, а на претходно македонските ракометари имаа пораз од Хрватска, победи против Бахреин и Украина и нерешен резултат против Швајцарија.

Во првиот дуел од Европското првенство македонските ракометари во петок од 20:30 часот играат против првиот фаворит на шампионатот и еден од домаќините селекцијата на Данска.

Најнови вести од: Спорт

To top