Спорт

Сиљановска-Давкова: Сведочевме на витешка борба и македонска вулканска енергија

Верувам во нивната сила, зрелост и потенцијал да растат од натпревар во натпревар

Вечерва бевме сведоци на витешка борба во којашто на теренот се разлеа препознатливата македонска вулканска енергија, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по нерешениот меч на македонските ракометари против фаворитот Португалија.

 

,,Македонската публика пак, со френетичното навивање беше, е и ќе остане осмиот играч во салата.

Моите мисли се секогаш со македонските ракометари! Верувам во нивната сила, зрелост и потенцијал да растат од натпревар во натпревар.

 

На Лазаров и тимот им посакувам уште поцврста игра, поголема смиреност во клучните мигови и успех што ќе биде заслужена круна на нивната пожртвуваност!”, напиша Сиљановска-Давкова по драматичниот меч.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top