Бизнис

Азески: За минимална плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Секој треба да си понесе дел од својата одговорност. Само така може да се постигне ефикасен економско-социјален дијалог. Ние сакаме работниците да имаат поголеми плати, работодавачите да остваруваат поголеми профити од државата, потенцира претседателот на СКМ Бранко Азески. Во однос на владината одлука да се зголеми квотата на странски работници во Македонија, тој истакна дека ако подолго време образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ќе мора да увеземе работна рака.

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Според Азески, за ова прашање треба да се разговара, да седнат трите страни, работниците, Владата и работодавачите и да се дојде до најдоброто решение.

  • Ние можеме да одиме со какво сакате зголемување на минималната плата која утре нема да биде исплатена и тоа ќе донесе поголеми тешкотии за вкупната економија во државата, истакна Азески.

Тој е дециден дека бизнисот не може да функционира без работниците и тие, рече, не смее да бидат маргинализирани, но во целиот процес, како што напомена, има и работодавачи и држава.

  • Секој треба да си понесе дел од својата одговорност. Само така може да се постигне ефикасен економско-социјален дијалог. Ние сакаме работниците да имаат поголеми плати, работодавачите да остваруваат поголеми профити од државата – потенцира претседателот на Комората.
Во однос на владината одлука да се зголеми квотата на странски работници во Македонија, тој истакна дека ако подолго време образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ќе мора да увеземе работна рака.
  • Ако констатираме дека долги години образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ова е резултат што сега го гледаме и ќе мораме да увеземе работна рака. Но, земјите од каде што доаѓаат, мислам дека за нив Македонија е транзитна земја зашто и тие вакви не не перцепираат, бараат поразвиени земји. Се наоѓаме во ситуација на геополитичко преструктуирање во кое се измешаа работите на секој план, особено во однос на квалификуваната работна сила и не можат да се дадат прецизни дефиниции, но ние настојуваме прашањето да го решиме сами и да ги оспособиме нашите луѓе зашто менталитетот и навиките за работа на луѓето кои доѓаат се подруги и треба предимство да добијат домашните субјекти. Тоа го правиме преку дуалното образование, 500 училишта и компании имаат склучено такви договори, а работиме и во делот на високото образование, лично ова би го третирал како прашање кое е моментално актуелно и би бил мотивиран побрзо да си ги решиме работите, да оспособиме наш кадар – рече Азески.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top