Спорт

Кој е новиот македонски спортски херој кој ја урна Романија во Хернинг

Остана ладнокрвен пред голманот и ја испрати топката во мрежата токму кога сирената веќе се огласуваше

Новиот македонски ракометен херој Ненад Костески вечерва го запиша своето име со златни букви во историјата на македонскиот ракомет.

Во драматичен натпревар од Европското првенство 2026 во Хернинг, против силната Романија, нашата репрезентација одигра вистински трилер.

По изедначена битка во сите 60 минути, кога резултатот се нишаше наназад-напред, токму Костески стана човекот на одлучувачкиот момент.

Во последната секунда, со прецизен удар тој ладнокрвно го реализираше победничкиот гол за конечни 24:23 за Македонија.

Тој гол не само што донесе прва победа на ЕП 2026 за нашите момци, туку и го обезбеди третото место во групата, што е важно за подобра позиција во квалификациите за Светското првенство 2027.

Костески, младото десно крило кое веќе неколку години покажува квалитет и претходно во Еурофарм Пелистер, и сега во Алкалоид, како и во репрезентацијата, овојпат го покажа вистинскиот менталитет на победник.

Додека многумина очекуваа дека натпреварот ќе заврши нерешено или дури со пораз, тој остана ладнокрвен пред голманот и ја испрати топката во мрежата токму кога сирената веќе се огласуваше.

„Сакавме поубедлива победа, но паднавме во второто полувреме. Сепак, важно е што победивме“, изјави самиот Костески по мечот, покажувајќи ја и скромноста и гладта за нови успеси.

Македонскиот ракомет повторно доби херој во клучен момент – Костески е доказ дека сите генерации можат со успех да ги носат националните бои а победите да создаваат нови легенди.

Роден е во Струга на 3 април 2001 година

Висина: 1,89 м

Позиција: Десно крило

Игра за РК Алкалоид

Најнови вести од: Спорт

To top