Свет

Трамп: „Бог е многу горд на она што го направив“

Запрашан дали сака неговиот нов Мировен совет да ги замени Обединетите нации, американскиот претседател рече: „Можеби“

На прес-конференцијата по повод првата годишнина од почетокот на неговиот втор мандат американскиот претседател се пофали со зборовите дека и „Бог е многу горд“ на неговите постапки .

На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп рече: „Бог е многу горд на она што го направив“, наведувајќи ги неговите достигнувања во внатрешната и надворешната политика, објави АФП.

Трамп не знае дали ќе оди во Рајот

Трамп ја истакна својата улога во последните 365 дена и неговата надворешна политика.

Запрашан дали сака неговиот нов Мировен совет да ги замени Обединетите нации, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Можеби“.

„ОН едноставно не беа многу корисни. Јас сум голем обожавател на потенцијалот на ОН, но никогаш не ги исполнија очекувањата“, рече Трамп за време на прес-конференцијата во Белата куќа.

„ОН требаше да ги реши сите војни што јас ги решив… [но] мислам дека треба да дозволиме ОН да продолжи да постои бидејќи нејзиниот потенцијал е огромен“, додаде тој.

САД првично го претставија Советот за мир како надзорно тело фокусирано на Газа, а во ноември Советот за безбедност на ОН гласаше да му даде мандат да работи до крајот на 2027 година.

Но, повелбата на Советот за мир, испратена до потенцијалните членови минатата недела, не ја споменува Газа и сугерира дека САД би сакале групата светски лидери да стане најважното тело за решавање на конфликти во светот.

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

На 17 години се бореше на фронтот – сега Мојтаба Хаменеи ја води „светата“ војна против Америка (ВИДЕО)

Во време на ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, вниманието на глобалната јавност е насочено кон новиот врховен водач на Исламската Република Иран, Мојтаба Хаменеи.

To top