Македонија

Министерот Андоновски најавува прва Стратегија за развој на медиумите во Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа, истакна дека Владата постигнала значаен напредок со официјалното препознавање на онлајн медиумите и интернет-порталите во Законот за медиуми.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа, истакна дека Владата постигнала значаен напредок со официјалното препознавање на онлајн медиумите и интернет-порталите во Законот за медиуми.

„Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, рече Андоновски.

Според министерот, оваа промена е од клучно значење затоа што порталите и новинарите сега полесно ќе можат да бараат заштита, особено имајќи предвид големата читателска публика и легитимитетот што ги имаат во општеството. Измените дојдоа како директен одговор на барањата од здруженијата на онлајн медиуми и се дел од напорите за усогласување со европските стандарди, како и за зголемување на професионалноста и регулацијата во дигиталниот простор.

Андоновски најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија, со цел систематско подобрување на медиумскиот сектор, зајакнување на независноста, плурализмот и конкурентноста на медиумите.

Во контекст на актуелните тензии и притисоци врз одредени медиуми, министерот остро ги осуди секој обид за политички притисок.

„Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите кои што ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми“, нагласи тој.

Андоновски упати јасен апел до медиумите да останат единствени и професионални.

„Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови“, заврши министерот.

Ова гостување доаѓа во клучен момент за медиумската сцена во земјата, кога слободата на изразување, заштитата од политички притисоци и професионалните стандарди се меѓу најважните критериуми во извештаите на Европската унија и меѓународните организации за напредокот кон европските интеграции.

Најнови вести од: Македонија

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top