Македонија

Филипче ќе го тужи Жан Митрев за нарушување на честа и угледот на кои напорно работел

Претседателот на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, денеска најави дека приватно ќе го тужи доктор Жан Митрев поради нарушување на честа и угледот откако Обвинителството ќе заврши со предметот.

– Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот – рече Филипче.

Тој потенцираше дека за своите чест и углед работел напорно и чесно, и дека нема да дозволи „бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.

Обвинителството вчера соопшти дека постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.1.2026 година од страна на Јавното обвинителство, по однос на јавно изнесените наводи од доктор Жан Митрев.

ОЈО Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од Заев и Филипче да им ја продаде клиниката

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски им се пушти на судиите: Пари нема да добиете

Мицкоски оцени дека станува збор за најдобриот извештај што Македонија го добила досега, иако призна дека во него има и забелешки. Тој рече дека ќе продолжи јавно да бара резултати од судиите и обвинителите бидејќи, според него, граѓаните не се задоволни од испораката на правда.

Овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Ана Дурловски настапувала и на престижни светски сцени, меѓу кои операта во Мадрид и њујоршката „Метрополитен“, каде дебитира во 2014 година како Кралица на ноќта. Таа настапувала и со Берлинската филхармонија, на фестивалот во Баден Баден и на други значајни меѓународни музички настани.

To top