Универзитетската професорка по уставно право Тања Каракамишева е нов советник на премиерот Христијан Мицкоски за човекови права и за владеење на правото.
„Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.
Голема благодарност за дадената доверба, која е плод на нашата повеќегодишна соработка.
Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото.
Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа.
Ветувам работа и резултати!“, порача на Фејсбук поранешната членка на Венециската комисија.