Спорт

Волкановски му се извини на Лопес: Не знаев дека ти седам врз лицето (ВИДЕО)

Македонецот по татко објасни зошто борбата за светската УФЦ-титула во перолесна категорија заврши понижувачки за противникот

Александар „Велики“ Волкановски ја заврши борбата за шампионскиот појас во ултимејтфајт против Диего Лопес од Бразил во перолесна категорија со понижувачка положба за противникот – Македонецот по потекло седеше на лицето на противникот и славеше со крената тупаница пред егзалтираната публика во арената „Кудос банк“ во Сиднеј, за ден подоцна да се извини.

Всушност, 37-годишниот син на Тоде Волкановски, родум од битолското село Беранци, во видео порака објасни дека не знаел дека седнал врз лицето на Бразилецот роден во Мексико во обидот да ја блокира ногата на противникот, мислејќи дека седи врз неговите гради.

„Не бев премногу загрижен, само знаев дека ќе завршам на врвот и токму тоа се случи“, објасни тој. „Тогаш завршивме во таа позиција кога седев на неговото лице, што беше доста смешно. И повторно, бев таму. Си помислив: ‘Ќе завршам на врвот. Победувам. Тој ме држи тука. Нема многу што може да направи’“, вели популарниот Волк.

„Не сфатив дека всушност задникот ми е на неговото лице“, додаде тој. „Мислев дека седам на неговите гради. Затоа се обидувам да ги вратам овие удари, мислејќи дека главата му е таму и си велам: ‘Зошто не го удрам по главата?’. Бидејќи буквално седев на неговото лице. Па, мислев дека главата му е можеби малку подалеку. Па, се извинувам за тоа. Лопес, не знаев дека седам на твоето лице“.

Со осмата победа во борбите за УФЦ-првак во перолесна категорија Волкановски се израмни на вечната листа со легендарниот Бразилец Жозе Алдо.

 

Најнови вести од: Спорт

Лазаров: Треба да бидеме задоволни од извлекувањето

Македонската машка ракометна репрезентација во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство 2027 во Германија и Хрватска ќе игра против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, чии натпревари се закажани за март 2026 година.

Јувентус импресиониран од македонската тинејџерка: Меланија Грозданова на радарот на европскиот гигант

Меланија Грозданова, една од најголемите надежди на македонскиот женски фудбал, во моментов престојува во Торино, каде што тренира со првиот тим на Јувентус – еден од најсилните и најпрестижни клубови во европскиот женски фудбал.

To top