Бизнис

Владата нуди унифицирана формула за покачување на платите

Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата.

Премиерот Христијан Мицкоски повторно го образложи предлогот на владата за зголемување на платите на државните административци. Мицкоски вели дека предлогот предвидува секое зголемување од 1.500 денари во следните три години да се зголемува за дополнителни 8%, што ќе обезбеди зголемување од 40% за околу 4 години.

  • „Кога реков просечна плата од 30.000 денари, зборував за износ што моментално се применува. Таа е некаде над 30.000 денари, но за да ја олеснам математиката, импровизирав овде со зголемување на минималната плата за 1.500 денари 3 години по ред. Сега без оваа владина понуда, како се зголемуваат платите на државните административци? Платата што ја добива државниот административец се додава на зголемувањето на минималната плата. Да речеме, ако јас сум државен административец и примам плата од 35.000 денари, додека зголемувањето на минималната плата за оваа година е 1.500 денари, тогаш мојата плата ќе биде 36.500 денари. Сега што предлагаме.“

  • „Овој износ, зголемен за плус 8%, и ова ќе резултира со „X“ пари. Следната година во март, да претпоставиме дека минималната плата повторно ќе се зголеми за 1.500 денари. Моите пари „X“, ќе ги зголемиме за 1.500 денари и ќе го зголемиме овој износ за дополнителни 8% и ќе добиеме „Y“ пари, третата година во март 2028 година, да претпоставиме дека минималната плата повторно ќе се зголеми за 1.500 денари, ќе ги зголемиме овие „Y“ пари за 1.500 денари, и ќе го зголемиме овој износ по трет пат за 8%, ќе добиеме „Z“ пари. Овие „Z“ пари се најмалку 40% повеќе од 30.000 денари со кои почнавме сега“, рече премиерот Мицкоски.

Синдикатите бараат итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен раст од сто евра за сите останати, додека Владата застапува модел на постепен раст. Формулата што ја предлага Владата предвидува кумулативно зголемување од околу 40 проценти до 2028 година, со годишни нивелации меѓу седум и осум проценти.

Ставот на синдикатот засега е дека дека таквата долгорочна проекција не ги задоволува потребите на работниците имајќи ја предвид инфлацијата, така што ССМ се заканува со Генерален штрајк доколку не се постигне итен договор во рамките на Економско-социјалниот совет.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

To top