Министерството за здравство нареди итна инспекција во медицински центар во Софија, каде што камера снимила гинеколошки прегледи на десетици жени.
Случајот ја вознемири јавноста и повторно го отвори прашањето за заштитата на приватноста на пациентите во здравствените установи.
Камерата била поставена во аголот на лекарска ординација во филијала на медицински центар во населбата „Гео Милев“ во бугарската престолнина.
Според објавите на телевизијата бТВ, уредот ги снимал прегледите во периодот 2024–2025 година, а полицијата пристигнала на увид околу 19 часот завчера, откако некои од снимките биле објавени на социјалните мрежи.
Од медицинскиот центар не негираа дека во ординацијата постои камера….
Случајот во Софија се надоврза на уште еден сериозен скандал, кој избувна во јануари 2026 година во Бургас:
Тогаш, повеќе жени пријавија дека нивни интимни видеа, снимени без знаење и согласност, се појавиле на Телеграм канали, а подоцна и на платени порнографски платформи.
Жртвите од Бургас тврдат дека биле снимани во салони за ласерска депилација, каде што клиентите се целосно или делумно голи за време на третманите.
Двата случаи отворија сериозни сомнежи за системски пропусти во контролата и заштитата на личните податоци и интимноста на граѓаните во Бугарија, додека јавноста очекува брзи и јасни одговори од институциите.