Македонија

УПОЗ и Владата блиску до договор – платите ќе растат постепено, се чека став од раководството на УПОЗ

По денешната средба во Владата, гранковиот синдикат УПОЗ соопшти дека ја прифаќа владината формула за зголемување на платите во администрацијата и правосудството.

Зголемувањето, според изјавите по средбата, ќе се реализира во три рати од по 8 отсто годишно (наместо 10 отсто како синдикално барање), а исплатата треба да почне од март, со услов претходно да поминат внатрешните процедури и да се потпишат колективни договори по институции.

Според математиката на премиерот, ако во наредните три години на платата на административните службеници се додаваат по 1.500 денари од растот на минималецот и секоја година овој збир се зголемува за 8 проценти, ако сега платата е 35.000 денари, за три години би била околу 50 илјади денари или повисока за околу 40 проценти.

Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски, изјави дека Владата го прифатила синдикалното барање „не во целост“, но како суштински исчекор го посочи прифаќањето да се исплаќаат и додатоците на плата.

– „Не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа сега Владата прифаќа да ги исплаќа од сега заедно со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.

Сега, синдикалците треба да добијат поединечни конечни договори  за кои треба да се изјаснат. Деаноски вели доколку  колегите прифатат, нема никаква пречка, ако не прифатат   Владата ќе добие одговор дека веќе се изгуби една година и вработените можеби ќе бараат повеќе.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top