Македонија

АА и ДУИ на страна на студентите кои сакаат да полагаат право на албански

Велат дека студентите Албанци се соочуваат со отворена дискриминација, а албанскиот јазик се исклучува од правосудниот систем

Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, реагираше на одговорот на Министерството за правда со кој се одбива петицијата на студентите Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Тие велат дека студентите Албанци се соочуваат со отворена дискриминација, а албанскиот јазик се исклучува од правосудниот систем.

„Студентите бараат правосудниот испит да се полага и на албански јазик, без воопшто да се загрози познавањето и употребата на македонскиот јазик. Одбивањето на Министерството за правда испраќа опасна порака – негирањето на албанскиот јазик не е само административна одлука, туку сериозен аларм за правдата, еднаквоста и демократскиот дух во државата. Студентите Албанци не бараат привилегии, туку правата што им припаѓаат“, порача Виола Рамадани.

И опозициската ДУИ излезе со реакција кон Министерството за правда, осудувајќи го одбивањето на барањето како повреда на колективните права и бариера за напредување на албанските кадри во судскиот систем. ДУИ побара јавни појаснувања дали овој став е личен на министерот Филков или официјална одлука на Владата, и дали Владата има намера да ја почитува двојазичноста гарантирана со Уставот и законите, пренесе ТВ21.

Запрашан во врска со ова прашање, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ изјави дека ова е дел од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците и дека во рамки на Владата се водат разговори за изнаоѓање решение.

„Не е дека правиме голема врева или бука во јавноста, но она што можеме да го гарантираме е дека ова прашање ќе се реши во интерес на студентите. Доколку целиот образовно-едукативен процес е на албански јазик, сѐ до универзитетско ниво, тогаш сигурно и овие професионални испити треба да имаат можност, покрај македонскиот јазик, да се полагаат и на албански“, вели Биљал Касами.

Албанци-студенти по право бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик, во спротивно протести

 

Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик

Најнови вести од: Македонија

Полицајците не сакаат извинување, туку кривична за заканувачите

Независниот синдикат на полицијата (НСП) соопшти дека поднел кривична пријава до ОЈО Битола против двајца кои на протестот на патот Битола-Ресен, јавно им се закануваа по животот на присутни полицајци, како и на премиерот, претседателот на државата и целиот државен врв

Неофицијално: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана низ Македонија

Бројот на осомничени и точните квалификации на кривичните дела во македонскиот дел од истрагата ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за вкупната заплена од над 27 тони марихуана.

To top