Македонија

„Политико“: Норвешкиот експремиер Јагланд под истрага за корупција и врски со Епштајн – Во 2012 се интересирал за „необичните млади девојки од Албанија“!

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд се соочува со полициска истрага поради наводна корупција во врска со неговиот контакт со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, додека бил претседател на Нобеловиот комитет и шеф на Советот на Европа! Името на Јагланд повторно се појави во најновиот бран документи од фајловите на Епштајн, објавени минатата недела. Во еден е-мејл од 2012 година Јагланд го информира Епштајн за „необични млади девојки“ во Албанија, додека во друг од 2013 година, тој вели „видовме слики од вашиот остров и би ни било драго да го посетиме“. Јагланд изјави за норвешкиот весник VG дека никогаш не бил на островот Епштајн. Ова го објави денес аналитичкиот портал „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Поранешниот норвешки премиер под истрага за корупција поради досиејата на Епштајн“.

Порталот натаму истакнува: „Отворена е истрага против поранешниот премиер, претседател на Норвешкиот Нобелов комитет и генерален секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд под сомнение за тешка корупција.“, објави Ококрим – централниот орган на Норвешка за борба против економски и еколошки криминал во соопштение за медиумите доцна во понеделникот.

„Постојат разумни основи за истрага, со оглед на тоа што тој ги извршувал позициите претседател на Нобеловиот комитет и генерален секретар на Советот на Европа во периодот опфатен со објавените документи.“, рече Пол К. Лонсет, директор на Ококрим. Полицијата соопшти дека ќе испита дали Јагланд добил „некакви подароци, патувања или заеми во врска со неговата позиција“.

Натаму, бриселски „Политико“ наведува во својата статија: Адвокатот на Јагланд, Андерс Бросвет, изјави за VG дека го поздравува отворањето на истрагата. „Мирно го очекуваме исходот. Пред сè, добро е Јагланд да добие авторитативно разјаснување од Ококрим, наместо медиумите и новинарите да спроведуваат свои мали приватни истраги“, рече Бросвет.

Јагланд ужива имунитет од кривично гонење како поранешен шеф на Советот на Европа со седиште во Стразбур, водечката организација за човекови права на континентот што го надгледува Европскиот суд за човекови права. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде изјави во вторник дека ќе побара од Советот на Европа да го одземе имунитетот на Јагланд.

Одделот за медиуми на Советот на Европа изјави за „Политико“ во соопштение дека го примил барањето и оти ќе го разгледа, додавајќи дека спровел сопствена внатрешна административна истрага за ова прашање во декември и јануари. „Успеавме да утврдиме дека Епштајн барем двапати присуствувал на настани во официјалната резиденција на генералниот секретар. Немаме индикации дека ова вклучувало службена работа на Советот на Европа со Епштајн и нема траги од овие приватни средби во официјалниот дневник на Јагланд во тоа време“, се вели во соопштението.

„Понатаму утврдивме дека во една прилика, за време на официјална посета на Њујорк во 2018 година, Јагланд престојувал во приватен објект, што според медиумските написи би можело да се поврзе со Епштајн. Утврдивме и дека во 2015 и 2018 година тој престојувал во приватен објект во Париз што медиумските извештаи го поврзуваат со Епштајн. Не пронајдовме записи што покажуваат дека тој ги посетил имотите на Епштајн во службено својство“, се додава во соопштението. – објави денес „Политико“.

Најнови вести од: Македонија

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top