Македонија

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

Новинарот Драган Милосављевиќ одговара на обвинувањта од колешката Биљана Секуловска која ги обвини македонците дека се фашисти.

Секуловска јавно ги обвини Македонците затоа што дел од нив ги критикувале Ромите кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат ако не им ги вратат одземените возила затоа што не се регистрирани или ги возеле без возачки дозволи.

,,Ние сме фашисти. Така барем тврди новинарката Биљана Секуловска. Сме ги мразеле Ромите и Албанците и да можеме ќе сме ги праќале во гасни комори. Хитлер ќе ни љубоморел. И сето тоа тврдење се базира на некои прочитани коментари на Фејсбук. Значи вистински интелектуален мастерпис на новинарката. Па како ли и текна? Некој би рекол дека ова е класичен автошовинизам, типичен за тоа миље кое со децении преживува упикувајќи се во странски задници и мразејќи ги сопствените сограѓани, небаре тоа е највисок стадиум на цивилизираност.

Јас пак велам, не! Ова е голема мисла. Ова е фасцинантен облик на оригинално размислување. Ова е суд на моралната величина која од горе гледа како Македонците (и останатите граѓани) се препелкаат во омраза и примитивизам. Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши. Јас со торжествена возбуда потврдувам: Така е, ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

Што напиша Секуловска во обвинувањето за Македонците:

,,Македонија живее вистински, автентичен фашизам, кога ги гледа презрените Роми како плачат и молат да не им се одземаат колите, затоа што немаат возачка дозвола. Законот е за сите, грми власта, нема толеранција, нема неказнивост, сите сме еднакви пред законот, жестоко ќе возвратиме.
Ех, да е само власта. Читајте низ Фејсбук и Твитер, како со исмевање гледаат на солзите на нашите сограѓани, Ромите. Никој не им верува на солзите на Циганите. Особено драгите, вечни Македонци, кои и за Шиптари*тата имаат збор-два фашизам да кажат”.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top