Спорт

Ѓорческа скокна на 182. место на ВТА-листата во сингл

Со полуфиналето во Порто, најдобрата македонска тенисерка се доближи на 12 места до својот највисок ранкинг во кариерата

Полуфиналето на тенискиот турнир во Порто минатата седмица ѝ донесе на Лина Ѓорческа напредок од 12 места на ВТА-листата во поединечна конкуренција, на која оваа седмица ќе биде на 182. позиција.

Овој пласман ја доближи најдобрата македонска тенисерка до нејзиниот највисок ранкинг – 170. место во 2017 година.

Следна дестинација за 31-годишната тетовка ќе биде ВТА-турнирот во Ле Сабл д’Олон, Франција, кој ќе се одржи од 16 до 22 февруари на тврда подлога и за награден фонд од 115.000 американски долари.

Најнови вести од: Спорт

To top