Македонија

Овозможиле противправен имотен ќар од 1.4 милиони денари

Поранешен директор на ЈП „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поднела пријава до ОЈО Кочани против поранешниот директор на КЈП „Водовод“ – Кочани А.К.(44), вработените З.Г.(53) и Б.А.(64), како и поранешниот вработен З.Ј.(55).

Тие се сомничат за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ извршено во соизвршителство.

Поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка со која, според наводите, бил овозможен противправен имотен бенефит од 1.406.306 денари, информира МВР.

Според пријавата, второпријавениот како претседател, а трето и четвртопријавениот како членови на комисијата за јавна набавка, во 2021 година спровеле постапка спротивно на Законот за јавни набавки.

Во тендерската документација биле внесени спецификации за производи кои, според наводите, не постоеле на пазарот, со што била ограничена конкуренцијата и бил фаворизиран економски оператор од село во општина Могила.

Првопријавениот, иако имал обврска да ја утврди законитоста на постапката, донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор во име на КЈП „Водовод“ – Кочани, со што, како што се наведува, бил овозможен противправниот имотен бенефит.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top