Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку ќариле Заев и Филипче што дозволиле одгледување на канабис на нива ?

Со измените во член 2 од Правилникот за одгледување канабис за медицински цели е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор

Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област.

Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.

„СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите“ се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека владата на СДСМ на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.

„Владата на СДС намерно го сменила правилникот со оглед на тоа дека претходните политики и јавни заложби на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, беа проширување и легализација на пазарот на канабис.

Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион.

Сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.

Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?

Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?

Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Не ни требаат компании да го следат раководството на СДСМ, немам намера да се занимавам со такви естрадни политики!

„Што се однесува до некакви си компании што треба да го следат раководството на СДСМ, таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои, ниту е тоа дел од мојот карактер, ниту имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики.“ – одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање откако вчера опозицијата обвини дека власта ангажирала приватна разузнавачка агенција да ја следи.

Скопска мобиларница фатена во обид за криумчарење „Ејплс-часовници – цариниците со голема заплена

Запленети се скапи „Ејпл“ часовници кои увозниците се обиделе да ги прикријат со ефвтини копии, но оригиналите се пронајдени при претрес на скопска мобилара, објави Царинската управа, од каде што посочуваат дека е покрената кривична пријава против осум лица.

To top