Македонија

Ѓорѓиевски: Започнува рамномерниот развој во сите општини

Скопје ќе доживее вистинска трансформација

Скопје добива нов, модерен булевар – „Македонско-косовска Бригада“. Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура, порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Тоа всушност е еден од темелите на мојата визија за град кој се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија и во кој секоја инвестиција значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина. Наскоро започнуваме со реализација на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри. Овој потег претставува значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот, посочи тој.

Проектот предвидува современо и функционално сообраќајно решение со четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило за зголемена безбедност и визуелна уреденост, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по 2 метри за сигурно и комфорно движење на пешаците.

-Во рамки на проектот е предвидено и заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширувања кај автобуските стојалишта, со што се подобрува јавниот превоз и се зголемува безбедноста на патниците.
Со изградбата на овој булевар создаваме нов урбан простор, помодерен, позелен и поорганизиран.
Ја зголемуваме безбедноста, ја подобруваме мобилноста и градиме инфраструктура што ќе им служи на генерации. Од оваа пролет, со подобрувањето на временските услови, Скопје ќе доживее вистинска трансформација. Рамномерниот развој во сите општини, започнува, порача скопскиот градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

Поранешен градоначалник дал дозвола за дива градба – заработи кривична

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Славески бара да се заузда со закон растот на банкарските провизии

Во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава, вели гувернерот на Народна банка

To top