Македонија

Дали населението во Македонија старее пред време, за разлика од земјите во ЕУ?!

Етнизацијата на демографските податоци го претставува намалувањето на наталитетот како „раст“ и „пад“ меѓу различни етнички заедници, иако подолгорочните трендови јасно покажуваат дека станува збор за заеднички и долгогодишен процес кој ги засега сите заедници не само во Македонија туку и во целиот регион на Западен Балкан.

Македонија се соочува со демографска криза – населението забрзано старее, а земјата веќе се наоѓа во фаза на длабока демографска старост. Според експертите, сме влезени во период кога бројот на починати е поголем од бројот на новородени, што доведува до негативен природен прираст.

Средната возраст на населението во Македонија е 42,21 година, а во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора – 40,4 години, а постаро Албанија – 44,3 и Србија – 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Во ЕУ најмладо население има Ирска – 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 години од 2015 година кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и на Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и на Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top