Во Велес 53-годишна жена пријавила дека непознат човек му се јавил на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди и оти е потребна итна операција, за што требало да донесе пари во болницата во Велес. Другите пет случаи биле пријавени во ОВР Неготино од луѓе на возраст од 69 до 78 години. Според пријавите, машко лице им се јавувало и им тврдело дека нивни блиски роднини се повредени и дека за оперативен зафат е потребно да донесат пари. Бараните износи достигнувале и до 35 илјади евра.
Во некои од случаите измамникот се претставувал како лекар, а во други како полициски службеник. На некои им велеле парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес. Сите пријавители се посомневале во веродостојноста на повиците, ги контактирале своите блиски и утврдиле дека станува збор за обид за измама.
Од СВР Велес ги повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица и сите сомнителни повици веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица. Полицијата најавува засилени превентивни активности, особено насочени кон постарите луѓе, заради навремено информирање и поучување за препознавање и спречување на телефонските измами.