Македонија

Тошковски горд на „Безбеден град“, бројот на прекршоци падна од 120.000 на 500

Министерот за внатрешни работи презадоволен од резултатите од досегашното функционирање на системот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 не го криеше задоволството од резултатите на системот „Безбеден град“ за регистрирање сообраќајни прекршоци.

„На почетокот на тест-периодот бројката на прекршоци беше 120.000, а денеска имаме прекршоци 500 до 600, 700 некој ден и 800, но драстично помал број. Тоа се прекршоци за недозволена брзина, минување на црвено светло или со нерегистрирано моторно возило. Тие се тие прекршоци кои ги констатира системот. Во иднина ќе го имплементираме и за погрешно запирање и за погрешно паркирање. Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од овој паметен систем. Го нема она дивеење по улиците, ги нема оние ненормални брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајките се намалуваат, бројките на повредени и загинати се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, изјави Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top