Македонија

Алиу: Најмалку шест од десет фирми за канабис ќе ја изгубат лиценцата

Контролата завршува во вторник, кога министерот за здравство ќе ги соопшти имињата на компаниите и причините за одземањето

Министерот за здравство Азир Алиу најави одземање на лиценците на најмалку шест од десетте фирми за производство на канабис за медицински цели опфатени со контролите по заплената на марихуана во Србија влезена од Македонија.

„Од досега процесираните компании, од 10 најмалку 6 сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот“, објасни Алиу за ТВ Телма.

Тој одби да ги наведе имињата на компаниите до завршувањето на постапката во вторник, кога и официјално ќе ѝ ги соопшти на јавноста, заедно со причините поради кои не ги исполнуваат условите според Комисијата на Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top